Во рамките на Твининг проектот „Подобрување на наплатата на приходите и даночна и царинска политика“, организирана е онлајн обука на тема „Подготовка на национални технички спецификации на ИТ системите потребни за ЕУ“. Обуката се реализира преку алатката Webex од 31. 08. – 04. 09. 2020 година. Предавачи на обуката се експерти од Република Хрватска.

Целта на обуката е зајакнување на капацитетот на Царинската управа за ЕОРИ 2 во креирањето на деловен концепт како основа за подготовка на техничка спецификација

Царинската управа ве известува дека определениот датум за полагање на прв дел (теоретски дел) од стручниот испит за лиценциран застапник на 10.09.2020 година и  определениот час за почеток на испитот во 11:00 се одлагаат.

Проектот „Консултација за модернизација на Царинската управа на Република Северна Македонија“, поддржан од страна на Царинска служба на Јужна Кореја започна на 02.06.2020 и продолжува со континуирани активности. Како дел од активностите е и посета од експерти од Јужна Кореја, при што во текот на следните 8 недели ќе бидат реализирани состаноци со менаџментот и со релевантни организациони единици од Царинската управа на РСМ, во делот на царинското работење и ИТ. Овие работни состаноци се во насока на воспоставување на Главен (Мастер) план по анализа на тековниот процес и ИТ-системот на царинската управа и прелог на модел за развој.

Денес во просториите на Царинската управа  се одржа состанок помеѓу делегација  на Царинската управа предводена од директорот и претставници на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC).

Ги известуваме граѓаните дека граничниот премин Евзони од денес 07.08 петок од 23.00 часот па се до 15.08. сабота до 07.00 часот по грчко време, согласно добиените насоки од грчките погранични органи, ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај на влез во Р.Грција. Додека на излез од Р.Грција сообраќајот ќе се одвива нормално.

  

 

Со цел понатамошно олеснување на работата на економските оператори што превезуваат брзи пратки и во согласност со процесот на воведување на Е-царина, Царинската управа на Република Северна Македонија од 05.08.2020 година воведува задолжително поднесување на документ-најавен манифест „пред пристигнување“ за сите пратки од страна на брзите пошти.

Царинската управа ве известува дека повторно е определен термин за поднесување и доставување на вашите Барања за полагање на прв дел (теоретски дел) од стучен испит за лиценциран застапник, од причина што териминот за полагање кој беше закажан за 20.03.2020 година беше одложен поради пандемијата на КОВИД 19. Сите заинтересирани кандидати кои не ги доставиле своите документи во претходниот термин од 11-17.03.2020 година, а ќе го полагаат првиот дел од испитот (теоретски дел) имаат можност тоа да го направат во дополнителниот период кој започнува од утре 05.08.2020 па се до 27.08.2020 година.

EDGE е регионален проект од 3 до 5 години во Европа и Евроазија (Е & Е) кој има за цел да создаде инклузивен, одржлив економски развој и да поддржува интра-регионална и евроатлантска интеграција.

Царинската управа на Република Северна Македонија организира и спроведува претходна обука за лиценциран застапник. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат „Пријава за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит“ и соодветно платен надоместок најдоцна до 27.8.2020 година.

Претходната обука за полагање на стручен испит за лиценциран застапник ќе се одржи во Скопје, во Централната управа (стар објект) на ден 15, 17, 22 и 24 септември 2020 година. Царинската управа врз основа на пријавениот број на кандидати обуката ќе ја одржи во согласност со Протоколот за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари од Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирус COVID-19 (Сл.весник бр.123/20), или со далечинско учење.

 За начинот на одржување на претходаната обука како и за часот на започнување на предавањата кандидатите ќе бидат навремено известени.

Царинската управа го задржува правото за измена на терминот за одржување и распоредот на претходната обука, а за сите измени кандидатите ќе бидат навремено известени.

Согласно член 5 став 1 и 2 од Правилникот за програмата за спроведување на претходната обука за лиценциран застапник, висината на надоместоците за полагање на стручниот испит и за посетување на претходна обука за лиценциран застапник, програмата за полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, начинот на бодување на првиот и вториот дел од испитот, формата и содржината на уверението за положен стручен испит за лиценциран застапник, програмата за спроведување на дополнителната обука за лиценциран застапник и висината на надоместокот за посетување на дополнителната обука за лиценциран застапник, е предвидено дека претходната обука се спроведува според Програмата за спроведување на претходна обука за лиценциран застапник и дека за посетување на претходната обука и за полагање на стручен испит за лиценциран застапник по прв пат се наплаќа надоместок во износ од 16.000,00 денари.

Уплатата може да се изврши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа

    Лазар Личеноски 13,  1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: Посета на претходна обука за кандидат – (Име и Преземе на кандидатот)

Сите кандидати кои планираат да ја посетуваат претходната обука потребно е да достават:

1.ПРИЈАВА за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит и

2.Доказ за уплатени средства во архивите на: Царинската управа и царинарниците Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово.

Пријавата може да ја најдете тука.

Рок за доставување на пријавите: до 27.08.2020 година

Претходната обука ќе се одржи според следниов распоред:

                                Распоред за претходна обука

Р. Бр.Тема на обукатаДатум
1.Царински формалности за ставање на стока на увид на царински органи15. 9.2020
2.

Спроведување на транзитна постапка

15. 9.2020
 3.Царински дозволено постапување или употреба на стока15. 9.2020
 4.Царински постапки17. 9.2020
 5.Изготвување и употреба на царинска декларација17. 9.2020
 6.Вредност на стоката за царински потреби и пресметка на царински и други давачки17. 9.2020
 7.Царинската тарифа22. 9.2020
 8.Потекло на стоките22. 9.2020
9.Даноци, акцизи и даночна политика22. 9.2020
10.

Нетарифни  мерки и мерки на трговска политика

24. 9.2020
11.Обука од областа на транспорт и транспортно осигурување24. 9.2020
12.Шпедитерско работење24. 9.2020

Листата на кандидати кои ќе земат учество на обуките според термините на одржување, ќе биде дополнително објавена на интернет страната по завршувањето на рокот за пријавување. 

За терминот и местото на одржување на стручниот испит за лиценциран застапник прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатот, дополнително и навреме ќе бидете известени.      

Сите дополнителни информации можете да ги добиете на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..  

28 јули 2020 година: Европската Комисија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој денес започнаа со виртуелен почетен состанок за нов проект „Поддршка на регионалната економска интеграција“ за Западен Балкан и Република Молдавија.