Царинската управа на Република Северна Македонија како дел од подготовките за влез во Европската Унија во континуитет воведува нови информатички системи поврзани со спроведување на царинските постапки. Целта е поедноставување и рационализирање на сите царински процеси и постапки преку имплементирање на електронска и бесхартиена околина во ЦУ и интегрирање со системите на ЕУ.

Доказ за успешно превземените активности за олеснување на царинските постапки е и признанието кое ЦУ го доби во овогодинешниот извештај на ЕК за напредок на РСМ во пристапувањето кон ЕУ.

Поглавјето 29.Царинска Унија ја има највисоката оценка која е дадена во овој извештај со заклучок дека Царината има постигнато добар напредок во претходната година и одржува добро ниво на подготовка во делот на Царинската Унија.

Концептот дигитална царина е веќе реалност и е нотирано во самиот извештај на ЕК каде се констатира „Земјата заврши, примени и одржува нов електронски систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД)“.

Во извештајот се истакнува и дека е воспоставен едношалтерски систем за контрола на границата со Србија (One Stop Shop) кој резултира со поуспешни стапки на откривање на нелегални прекугранични активности, а со тоа се зголемува безбедноста. Со воспоставување на новиот начин на работа и заедничката гранична контрола на службите на двете земји, коридорот 10 стана поатрактивен и поефикасен за вршење извоз, увоз и транзит на стоки Ваков систем на заеднички контроли е во тек на воспоставување со Р.Албанија каде што веќе започна со работа новоизградениот царински терминал.

Кон добрата оценка за поглавјето 29, придонесоа и високата усогласеност на царинското законодавство со законодавството на ЕУ; воведувањето на концептот на Овластен економски оператор (ОЕО), подобрената меѓу-институционална соработка, учеството во меѓународни операции за борба против недозволена трговија со дрога, фалсификувана стока и лекови, акцизна стока, оружје, експлозиви, опасен отпад и хемикалии, диви животни и растенија, културни добра и борба против трговија со луѓе, итн..

Повеќе за Извештајот за напредокот на РСМ за 2020 година и извадок Поглавје 29 – Царинска унија на следниот линк

Во наредниот период претстои вистински ангажман во домен на консолидација и целосна примена на постоечките ИТ системи, нивна надградба и одржување, континуитет во работењето и целосна имплементација на Протоколот 5 на ЦЕФТА за олеснување на трговијата.

Денес, 06.10.2020 година, во рамките на Проектот „Консултација за модернизација на Царинската управа на Република Северна Македонија“, поддржан од страна на Царинска служба на Јужна Кореја се одржа видеоконференциски состанок меѓу двете страни на кој се разгледа напредокот на спроведувањето на проектот, се изнесоа препораки  и се споделија корисни  информации.

Договорните страни на CEFTA, денес 29.09.2020 година, преку видео-конференциска врска одржаа консултативен состанок за договарање на активностите за дополнително олеснување на движењето на стока, што ќе бидат опфатени со следниот Повеќегодишен акциски план - Регионална економска област 2021-2024 (MAP REA 2021-2024), што во ноември оваа година треба да бидат усвоени на Самитот во Скопје и Софија во рамки на Берлинскиот процес за Западен Балкан.

Со состанокот претседаваше Царинската управа на Република Северна Македонија како претседавач со CEFTA Поткомитетот за царина и потекло. Поддршка во организација дадоа Проектот на USAID за економски развој, владеење и развој на претприемчивост и Програмата за поддршка на олеснувањето на трговијата (TFSP) на Меѓународната финансиска корпорација.

Поздравно обраќање како иницијатор на овој состанок имаше директорот на Царинската управа, м-р Ѓоко Танасоски, како и директорот на Секретаријат на CEFTA – Емир Џикиќ, директорот на Проектот на USAID за економски развој, управување и развој на претпријатијата (EDGE) - Јасминка Варналиева и Виолан Конар-Леси, Програма за поддршка на трговското олеснување на IFC ECA.

Преку дискусија се договараа областите на спроведување на реформи и посебните активности што ќе се реализираат во рамки на CEFTA во периодот 2021-2024, за натамошно подобрување на соработката во доменот на трговијата на регионално ниво и намалување на времето и трошоците во трговската размена. Се ревидира сегашниот Повеќегодишен акционен план за Регионална економска област (MAP REA) со констатирање на досегашните остварувања на овој план и предлагање на нови мерки и активности за реформи кои треба да обезбедат инегрирање на регионот во повеќе домени, вклучувајќи го тука и олеснувањето на слободното движење на стока.

Во рамки на состанокот беа опфатени теми со фокус на повеќе области како: одржување на зелените коридори, зајакнати контроли, взаемно признавање (со осврт кон воведувањето на концептот на Овластен економски оператор), управување со ризик, Систем за електронска размена на податоци SEED+, усогласување и соработка со ЕУ (правила за потекло и ОЕО, транспарантност).

1
1
2
2
4
4
5
5
Previous Next Play Pause
1 2 3 4

 

 

Почитувани кандидати,

Царинската управа Ве известува дека, Уверенијата за посетена претходна обука за лиценцирани застапници, одржана од 15-24.09.2020 година  се изготвени.

Активностите на Поткомитетот за царина и потекло во рамки на CEFTA[1], со кој оваа година претседава Царинската управа на Република Северна Македонија, вклучија организирање на денешната официјална посета на Граничниот премин Табановце, со високи претставници на CEFTA Секретаријатот, ЕУ Транспортната заедница  и Советот за регионална соработка.

Во текот на изминатиот месец, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока, при што се задржани, цигари, девизи, алати, фалсификати и друго.

Со оваа надградба на апликацијата за дигитално потпишување на пораки во Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), овозможена  е применливост на новите типови на дигитални сертификати кои се издаваат од КИБС и МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ. Исто така во СОЦДАД имплементирани се сите промени кои произлегуваат од новиот Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги поврзани со новите типови на дигитални сертификати со цел непрекинато работење на економските оператори

Новата верзија на апликацијата за дигитално потпишување во СОЦДАД, можете да ја преземете тука.

  

 

Царинската испостава информира дека донесена е одлука за промена на работното време во царинска испостава Кавадарци во царинарница Гевгелија која ќе се применува во временскиот период од 09.09.2020 година до 09.10.2020 година, и тоа:

-      од понеделник до петок од 08,30 до 16,30 часот за царински постапки за увоз и извоз и од 18,00 до 24,00 часот за царински постапки за извоз,

-      сабота и  недела од 19,00 до 24,00 часот за царински постапки за извоз.

Одлуката за промена на работно време е од времен карактер и истата се донесува за откуп на свежо трпезно и винско грозје во регионот на Кавадарци,бидејќи извозните постапки се спроведуваат во попладневните часови, со што ќе се овозможи намалување на времето на чекање и побрзо и поефикасно спроведување на царинските постапки и олеснување при спроведување на царинските постапки за царинските застапници.

Во рамките на Твининг проектот „Подобрување на наплатата на приходите и даночна и царинска политика“, организирана е онлајн обука на тема „Подготовка на национални технички спецификации на ИТ системите потребни за ЕУ“. Обуката се реализира преку алатката Webex од 31. 08. – 04. 09. 2020 година. Предавачи на обуката се експерти од Република Хрватска.

Целта на обуката е зајакнување на капацитетот на Царинската управа за ЕОРИ 2 во креирањето на деловен концепт како основа за подготовка на техничка спецификација.

Со почит,

Царинска управа на Република Северна Македонија

Претставници на Царинската управа ќе земат активно учество на виртуелната конференција New World Model (NWM) во организација на World Free Zones Organization.