Ве известуваме дека ГП Богородица е повторно отворен за патнички и товарен сообраќај во двата правци. 
Пожарот е локализиран и работата на граничниот премин Богородица-Евзони се одвива нормално.

Ве известуваме дека ГП Богородица, денес 03.08.2021 е затворен за патнички и товарен сообраќај поради активен пожар во близина на граничниот премин. Сообраќајот е пренасочен на ГП Дојран.

Денес, 30 јули, заменик директорот на Царинска управа на Република Северна Македонија г. Муарем Асани, заедно со помошник директорот на Секторот за царински систем Златко Ветеровски и советникот на директорот Тони Станковски, беа во работна посета на компаниијата ДАУТИ-ТРАНСПОРТШПЕД АД Скопје. Целта на посетата беше доделување на Одобрение за Овластен економски оператор.

Денес 29.07.2021 година, заменик директорот на Царинската управа г. Муарем Асани беше во посета на Царинарница Скопје. Целта на оваа посета беше директорот да се запознае со капацитетите на Царинарницата. 

Заменик директорот на Царинската управа г. Муарем Асани денес беше во работна посета на Царинската испостава Аеродром Скопје - Царинарница Скопје.

Во овогодинешниот извештај за инвестициска клима во земјава на американскиот Стејт департмент, Царинската управа e пофалена во делот на дигитализацијата со воспоставувањето на електронските системи кои допринесуваат кон автоматизирани процеси на електронско царинење кое на деловните субјекти им овозможува да го следат статусот на нивните апликации и максимално  ја намалува можноста за корупција. Оттука додаваат дека нема дискриминирачка политика за извоз или увоз што влијае на странските инвеститори и речиси 96 проценти од вкупната надворешно-трговска размена е неограничена.

Ве известуваме дека денеска 23.07.2021 со почеток од 16:30, економските оператори кои го користат порталот за трговци, пораките кои ги испракаат кон СОЦДАД ќе мора  да ги потпишуваат со помош на новата верзија на апликацијата digsig-signer-1.3.4.

Новата верзија може да ја преземете на следната локација

До наведениот термин корисниците да ја користат моменталната верзија на оваа аплиакција

Со почит

 

Царинската управа на Република Северна Македонија организира и спроведува претходна обука за лиценциран застапник. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат „Пријава за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит“ и соодветно платен надоместок најдоцна до 15.9.2021 година.

Царинската управа на Република Северна Македонија и Царинската управа на Република Албанија со заеднички централен настан на граничниот премин Ќафасан во организација на USAID ја одбележаа реализацијата на проектот „Зајакнување на ефикасноста на заедничките контроли на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане помеѓу двете држави, со цел олеснување на тровијата и транспортот, прекугранична соработка и инвестиции“ како грант одобрен од програмата на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата.

Заменик директорот на Царинската управа г. Муарем Асани денес одржа протоколарна средба со г. Мартин Краних, царински офицер за врски на Федеративна Република Германија кој е задолжен за Северна Македонија, Бугарија и Романија.