Царинската Управа е во постојана соработка и координација со Министреството за транспорт и врски, особено за реализација на сите градежни работи (градба, реконструкција)кои се изведуваат на граничните премини - за кои ЦУ има законски ингеренции. Од особена важност при унапредувањето на граничните премини се пристапните патишта кои се услов за непречен проток на стока и патници, а се во надлежност на Министерство за транспорт и врски.

Со инспекциите работиме заедно и на граничните премини и во внатрешните царински испостави. Соработката треба се повеќе да се интезивира и унапредува за квалитетот се повеќе да дојде до израз, истакна директорот Сугарески на денешната средба со директорот на Пазарната инспекција, г-дин Стојко Пауновски.

 

Работната посета на Царинарница Штип која денес ја oствари директорот на Царинската управа Сугарески беше со цел да се запознае со тековните и планирани проекти, како и со оперативните капацитети и потреби на организационите единици во склоп на оваа царинарница.

Во текот на изминатите два месеци, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани лекови, накит, облека, обувки, техничка стока, хемиски препарати, цигари, возила со бункери, регистарски таблички, девизи, фалсификати, часовници, пури и делови за велосипеди.

Директорот на Царинската управа, Горан Сугарески заедно со тим од вработените, оствари средба со Никола Бертолини - раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје (ДЕУ). На средбата се разговараше за реализацијата на тековните, како и активностите за програмирање на идните проекти поддржани од ЕУ фондовите.

Благодарение на соработката која изминатиот период се градеше, царинските застапници станаа најблиски соработници на Царинската управа и имаат клучна улога во спроведувањето на брза и ефикасна царинска постапка.

Kако резултат на усвоените мерки на Владата на Република Северна Македонија за помош на компаниите погодени од кризата со пандемијата, од неодамна e пуштен нов производ – банкарска царинска гаранција за обезбедување на евентуален царински долг при постапка на увоз за облагородување. Оваа гаранција пред се е наменета за малите и средни претпријатија од преработувачката индустрија.

Повеќе информации се достапни на следниов линк- https://mbdp.com.mk/mk/garancii/carinski-garancii.

Царинската управа останува партнер на деловната заедница и заедно со Владата на Република Северна Македонија работи во креирање на поволен деловен амбиент, подобри услови за работа посебно за малите и средните претпријатија.

 

 

 

Царинската управа на Република Северна Македонија на 10.02.2021 година до Основното јавно обвинителство во Гевгелија поднесе кривична пријава против две правни лица со седишта во Тетово и Гевгелија и против 3 одговорни лица, поради основано сомневање дека е сторено кривично дело „Недозволено тргување со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра односно стоки“, што е казниво по член 60, став 5 и став 6 во врска со став 1 од Законот за акцизи.

Директорот на Царинската управа Горан Сугарески и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, на денешната работна средба ја потврдија заложбата за сузбивање на организираниот финансиски криминал како заедничка цел на двете институции.

Царинската управа на Република Северна Македонија успешно ја заврши постапката за меѓународна валидација на Програмата за Овластен економски оператор (ОЕО).  Во извештајот на меѓународните валидатори од земјите членки на ЦЕФТА, ЦЕФТА Секретаријатот, Европската Комисија и експерти на ГИЗ, со највисоко ниво е оценета Програмата за ОЕО на Република Северна Македонија,во кој е потврден дека законски е усогласена со законодавството на ЕУ, а постапките и процесите се во согласност со меѓународните стандарди на ЕУ и на Светската царинска организација.
Со меѓународното признавање, македонските ОЕО, покрај погодностите во нашата држава, ќе имаат големи погодности и во земјите на ЦЕФТА, како што се приоритетно минување на граничните промени, помалку контроли, избегнување на дупло поднесување на документи, бесплатни обуки.
Постапката за меѓународно признавање започна во јуни 2020 година и Република Северна Македонија е прва земја во ЦЕФТА што доби меѓународно признавање. Ова признание е потврда на посветеноста на Царинската управа за градење на партнерски однос со деловната заедница и создавање на услови за побрзо минување на граница и олеснување на царинските постапки.
Список на компании што се Овластен економски оператор може да се прочита на следниов линк:


https://customs.gov.mk/index.php/mk/biznis-zaednica-mk/aeo-mk/1989-spisok-na-ovlasteni-ekonomski-operatori