Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен накит, драгоцени камења, возило со бункер, мобилни телефони, преносни компјутери, рачен часовник, облека, 3Д очила, цигари, кафе и фалсификати. 

Директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски учествуваше на работилница за олеснување на трговијата, што се одржа на 22 февруари 2018 година, во просториите на Стопанската комора на Македонија.

Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани замрзнато пилешко месо, пиво, облека и фалсификати.

По најава од страна на косовската Царина,

Денес (12.02.2017 година) во просториите на Царинската управа се одржа состанок помеѓу директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски и г-дин Џорџ Кларк, регионален советник на Програмата за контрола на извоз и гранична безбедност на Владата на САД.

Во текот на изминатиот период, царинските службеници открија царински измами и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани облека, фалсификати, перници, волнени појаси со магнет, елеци, прекривки, биомагнетни лежалки, магнетни подлоги, масажер, додатоци на исхраната, вијагра, метал детектор, семенски материјал, цигари, телевизор, автоделови и друго.

На 08.02.2018 година, во просториите на Царинската управа се одржа состанок со Советодавното тело.

Почитувани,

Царинската управа организира дополнителна обука за лиценциран застапник согласно член 33 од Законот за застапување во царинските постапки („Службен весник на РМ бр. 180/14,154/15, 192/15 и 23/16). Согласно член 12 став (1) од Законот за застапување во царинските постапки („Службен весник на РМ бр. 180/14,154/15, 192/15 и 23/16) Царинската управа ја одзема издадената лиценца за вршење на застапување во царински постапки ако лиценцираниот застапник два пати последователно не присуствувал на дополнителната обука од член 33.

Царинските службеници од граничен премин Табановце, завчера (31.01.2018 година), спречија обид за нелегално внесување на златен накит вреден околу 30 илјади евра. 

Царинска управа на Република Македонија известува дека донесе нова Насока за распоредување на компјутери и софтвер согласно Царинската тарифа.