- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2051
На Аеродромот Скопје во Скопје Царинската управа, во соработка со Министерството за внатрешни работи, спречи уште еден обид на криумчарење на наркотични дроги. Откриено е и запленето околу 2 кг кокаин.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1546
По добиено известување од косовските служби информираме дека поради изведување на градежни работи на магистралниот пат Скопје - Приштина, поточно од косовскиот граничен премин („Хани Елези“ - Качаник) ќе биде во прекин сообраќајот во двата правци, за влез и излез од Косово, во деновите:
- на 07.12.2018 год. во време од 09:00 ч. – 12:00 ч. и од 14:00 ч .- 17:00 ч.
- на 08.12.2018 год. во време од 07:00 ч. - до 17:00 ч.
Царинските формалности на ЦИ Блаце ќе се обавувааат отежнато и со одредени прекини.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1096
Олеснувањето на административните царински процедури и убрзувањето на прекуграничниот транспорт на стоки се само некои од придобивките од воведувањето на концептот на Овластен економски оператор, заклучија вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, на денешната четврта по ред работилница, каде што пред бизнис заедницата е претставен концептот кој за првпат се воведува во Република Македонија.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1821
На 26 ноември 2018 година, во Царинската управа се одржа состанок на Советодавното тело на кој на претставниците на деловната заедница им беше презентиран новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи со што започнува ерата на дигитализација на Царинската управа.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2001
Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани облека, електронски цигари, мобилни телефони, рачен часовник, сребро, моторно масло, автоделови, регистарски таблички, стоматолошки инструменти и материјали, цигари и домашна ракија.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1717
На 22 ноември 2018 година, во просториите на Царинската управа, пред бизнис заедницата презентиран беше системот, концептот и примената на Интегрираната тарифна околина (ИТО).
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1914
Почитувани,
Царинската управа на Република Македонија со задоволство ве поканува да земете учество на настанот со наслов „Презентација на Интегрираната тарифна околина (ИТО)“ .
Целта на презентацијата е запознавање на бизнис заедницата со системот, концептот и примената на Интегрираната тарифна околина (ИТО).
Учесниците на настанот ќе се запознаат со апликацијата – ТАРИМ и двата подмодули на ТАРИМ модулот - консултацискиот и калкулацискиот модул. Во моментот консултацискиот модул е поставен на веб страницата на ЦУРМ и подaтоците се неофицијални. Сo воведувањето на СOЦДАД (Систем на обработка на царински декларации и акцизни документи) пресметката на податоците во царинските декларации ќе се врши преку калкулацискиот подмодул на ТАРИМ и истиот е од исклучителна важност, па оттука на неговото презентирање ќе се посвети и поголемо внимание.
Настанот ќе се одржи на 22 ноември 2018 година во Царинската управа на Република Македонија со почеток во 14:00 часот.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 2046
На 16 ноември 2018 година, Царинската управа го прифати Новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) кој ќе ја замени досегашната АСИКУДА, истиот беше подготвуван во изминатите 5 години и претставува почеток на Дигиталната ера на Царинската управа.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1541
Во периодот 15-16 ноември 2018 година, во Скопје, се одржа работилница за Имплементација на едношалтерски систем и размена на податоци - Поврзување на земјите од Западен Балкан. Работилницата е организирана од Царинската управа на Република Македонија во соработка со UNECE - Економската Комисијата на Обединетите Нации за Европа и Проектот на USAID за регионален економски раст.
- Детали
- Категорија: Вести
- Посети: 1539
Делегација на Царинската управа на Република Македонија предводена од директорот Ѓоко Танасоски на 13.11.2018 година учествуваше на 15-тиот состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување што се одржа во Скопје.