На 20 април 2022 година, во просториите на Царинската управа се доделија благодарници на  царински службеници  кои одбележуваат 10, 20 и 30 години од своето работење во службата.

Поднесување и издавање на документација и во електронска форма. Измената е во насока на имплементирање на начелата за интероперабилност и усогласување со процесите на дигитализација. Концептот е – Владата обезбедува комуникација помеѓу институциите, како и комуникација со економските оператори и со граѓаните. Со овие измени се изврши усолгасување со Законот за електронски документи и доверливи услуги, како и законот за електронско управување и електронски услуги со наслов „Можност за поднесување и издавање на документација и во електронска форма.

Дел од одредбите на овој Закон кои се однесуваат на електронското поднесување на барање и доставување на документи, ќе престанат да важат со денот на пристапувањето на Република Северна Македонија во Европска Унија.

Овој Закон ќе започнe да се применува од 1 јули 2022

 

 

 

 

Врз основа на член 50 став 2 од Царинскиот закон („Сл. весник на РМ“ бр. 39/05, 04/08, 48/10, 158/10, 44/11, 53/11, 11/12, 171/12, 187/13, 15/15, 129/15, 154/15, 192/15, 23/16 и 144/18), член 94 став 2 и член 148 од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон („Сл. весник на РМ“ бр. 66/05, 73/06, 40/07, 62/07, 42/09, 48/09, 38/10, 46/10, 61/10, 141/11, 147/11, 158/11, 14/12, 2/13, 92/13, 177/13, 62/15, 111/15, 215/15, 217/15,192/16, 21/17, 181/17, 233/18, „Сл. весник на РСМ” бр. 199/19 и 179/21) и точка 8 од Упатството на Царинската управа за минималните услови и начинот на определеување на работниот простор каде стоката на товарни моторни возила се става на увид и се врши преглед од страна на царинските органи бр. 01-013669/15 од 10.03.2015 година,

 

ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Објавува ЈАВЕН ПОВИК Бр. 2/22 за прибирање понуди за склучување на договор за користење  на работен простор за следниот царински орган:

 

Денес, Царинската управа свечено го одбележа својот јубилеј - 30 години постоење.

На прославата присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, министерот за финансии  Фатмир Бесими, високи претставници на Владата, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, претставници на дипломатско-конзуларните претставништва, државни институции, поранешни директори на Царинската управа, претставници на деловната заедница и други соработници. Почесен гостин на свечениот настан беше Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.

На јавното отварање на понуди за учество во тендерската постапка за набавка на сообраќајна светлосна сигнализација и друга опрема на граничните премини Богородица и Дојран, во рамки на Проектот „Развој на гранична инфраструктура помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција“, (со скратено име „Преминуваме граници”), во кој како партнери учествуваат Царинската управа и Министерството за внатрешни работи од Република Северна Македонија, не беше поднесена ниту една понуда.

Поради горенаведеното, Царинската управа на својата веб страна го објави документот “Cancelation  of a tender procedure “.

 

CANCELLATION OF A TENDER PROCEDURE

Денес, на Меѓународниот аеродром Скопје свечено беше отворена канцеларијата на Граничната меѓуагенциска единица, поддржана од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC).

Денес  директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров и градоначалникот на општина Струмица г. Костадин  Костадинов, спроведоа акција за засадување на дрвца во централното подрачје на Струмица.

Годинава, Царинската управа на Република Северна Македонија, прославува  јубилејни 30 години од основањето како независна служба. По тој повод, организирани се низа активности за свечено одбележување на јубилејот.

Во насока на поттикнување на свесноста за важноста на чистата околина, дел од активностите што ги организира Царинската управа е седмица на пошумување, при што во текот на цела оваа седмица на повеќе различни локации низ државата ќе бидат засадени дрвца.

 

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6

 

Годинава, Царинската управа на Република Северна Македонија прославува јубилеј – 30 години постоење како независна служба. По тој повод, во период од 04.04.22 -  19.04.22 организираме низа пригодни настани.

Целата програма може да ја погледнете на следниот линк:

 

 

Денес, на граничниот премин Табановце-Прешево, претставници на Царинска управа учествуваа на состанок организиран како дел од заедничките активности на Стопанските комори од Северна Македонија и Република Србија во рамки на иницијативата Отворен Балкан.

Денес, во Скопје се одржа завршна церемонија за еднонеделната обука под покровителство на Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД, наменета за надградба на знаењата и вештините на царинските службеници во борбата против ширење и спречување на недозволена трговија.