Во текот на минатите три недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење на стока, при што привремено се задржани рачни електрични апарати и алат, накит Сваровски, облека, девизи, турбина за камион, мобилни телефони и делови за мобилни телефони и друго.

 

Ве информираме дека Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи - СОЦДАД е достапен и дека нема повеќе да се применува резервна постапка. Декларациите што во меѓувреме се започнати со резервна постапка, ќе продолжат во резервна постапка.

Ги известуваме царинските застапници и економските оператори дека Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи – СОЦДАД од утрово е недостапен од технички причини поврзани со мрежни уреди, за што упатуваме на примена на алтернативна постапка на хартија и во Асикуда, се до повторно известување.

Република Северна Македонија и Република Србија на 12.07.2019 потпишаа Договор за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин Табановце – Прешево. Со ова, двете земји се први од Западен Балкан кои ќе започнат со заедничка гранична контрола. Официјалниот старт на заедничките контроли се очекува на крај на август 2019 година.

Почитувани,

Ве известуваме дека од 27.07.2019 со почеток од 19:00, корисниците на СОЦАДАД кои го користат порталот за трговци, пораките кои ги испракаат ќе мора  да ги потпишуваат со помош на новата верзија на апликацијата digsig-signer-1.2.2.

Новата верзија може да ја преземете на следната локација

До наведениот термин корисниците да ја користат моменталната верзија на оваа аплиакција

 

Со почит

 

Ги известуваме царинските застапници и економските оператори дека денес, 23.07.2019 година во период од 21:00 до 22:30 часот Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи - СОЦДАД  ќе биде целосно недостапен. Во овој период ќе се врши конфигурирање на порталот за трговци.

Министерството за животна средина и просторно планирање достави допис до Царинската управа со кој ја информира дека увозот и извозот на новата техничката стока со разладни средства ќе се одвива без дозвола која досега ја издаваше Министерството за животна средина и просторно планирање.

Ги известуваме царинските застапници и економските оператори дека Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи - СОЦДАД дека утре, сабота 20.07.2019 година во периодот од 12:00 до 16:00 часот ќе биде целосно недостапен.

Во рамки на летната програма за посета на домашните компании и во насока на поддршка на нивните активности од страна на Царинската управа, денес e остварена средба со раководството на текстилната фабрика Хавеп од Скопје. Силниот економски раст претставува што поголемо вклучување на малите и средните претпријатија во глобалните синџири на снабдување, а Царината треба да биде главен двигател на овие промени. Разговараме за можностите за добивање на одобрение за Овластен економски оператор, поголемо користење на поедноставените царински постапки и на другите царински олеснување. Како македонско-холандска фирма Хавеп е лидер во иновативните решенија за зголемување на продуктивноста. Сите овие царински погодности треба да придонесат кон намалување на трошоците, подобрување на времето на минување на граница и зголемување на конкуретноста на македонските компании.

Царинската управа ја известува јавноста дека во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 143 од 12.07.2019 година е објавен Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите, со кој се одложува неговата примена до 01 Ноември 2019 година.