Царинската управа на ден 14.03.2022 год со почеток во 10 часот, во просториите на Европскиот универзитет во Скопје, поточно на 3ти кат просторија 1 , ќе го одржи првиот дел  од стручниот испитот за лиценциран застапник – теоретски дел. Право да го полагаат испитот го имаат следниве кандидати:

- Стефан Трајковски Скопје

- Ангела Петрушевска Куманово.

- Ивона Арсова о. Росоман Кавадарци

-Петар Колев Гевгелија

-Валерија Јованова од Кавадарци 

-Билјана Сасанска од Пехчево 

-Томислав Василевски од Тетово

-Миле Трајковски од Скопје 

-Јане Цветановски од Скопје

-Никола Крстиќ од Куманово

-Дарко Јордановски од Скопје

-Теодора Пецова од Скопје

-Горгиевски Мартин од Скопје

-Елена Ангелеска од Скопје

-Петар Танев од Скопје

-Нинослав Гавроски од Тетово

-Тодор Тофилоски од Гостивар

 

   

 

Во просториите на Владата, денеска беа потпишани договори за интероперабилност меѓу Министерството за правда и групата институции: Министерство за внатрешни работи, Царинска управа, Јавно обвинителство, Државна комисија за спречување на корупцијата, Агенција за цивилно воздухопловство М-НАВ, Управа за финансиска полиција, Управа за финансиско разузнавање, Централен регистар и Државна изборна комисија.

Платформата за интероперабилност овозможува електронска размена на податоци и документи меѓу институциите на стандардизиран, безбеден и унифициран начин. Размената помеѓу судовите и државните органи и институции ќе се одвива според дефинирани стандарди за безбедност, заштита, формат и структура на податоците.

ИКТ алатките и дигиталните решенија треба да го олеснат процесот, а со тоа ќе се добие на ефикасност, ефективност и оперативност во работењето врз основа на секои претходно детектирани процесни слабости за сметка за искористување на вредностите и придобивките.

Непречениот проток на информации преку Платформата за интероперабилност ќе го намали времето потребно за пренос на информациите до институциите со што се олеснува протокот на електронски информации кои се потребни за обезбедување на јавни услуги прилагодени за потребите на граѓаните.

  

 

11103202211
21103202222n
31103202233n
41103202244n
51103202255n
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5

 

  • Ве информираме дека со одлука на Владата на Република Северна Македонија привремено се ограничува извозот на основните земјоделско-прехрамбени производи со тарифни ознаки прикажани во табелата.
  • Царинската управа согласно одлуката на Владата од вчера вечерта ги имплементира овие измени во своите системи, со што се оневозможува поднесување на декларации за извоз.
  • Ограничувањето на извозот од оваа одлука ќе се применува до 20 март 2022 година.

 

ogranicuvanje11032022

Денес, Програмата на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата (EDGE), во соработка со Царинската управа на Република Северна Македонија, организираа работилница за подобро разбирање и примена на преференцијалните правила за потекло на стоките - согласно ПЕМ Конвенцијата, Брегзит и новите транзициони преференцијални правила за потекло.

Врз основа на чл. 22  и 23 од Законот за работните односи  Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15,  27/16, 120/18 и Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 267/20 и 151/21)  в.в. со член 14, член  22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14,  27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ“ бр.143/19 и 14/20), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 01-036570/21-0001 од 17.06.2021 година, Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0002 од 17.06.2021 година и Правилник за изменување и дополнување на  Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0012 од 07.12.2021 година и број 01-036570/21-0017 од 11.02.2022 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-12352/2 од 13.01.2022 година Царинската управа  објавува:

                                                                   ЈАВЕН ОГЛАС бр. 03/2022

за вработување на 9 (девет) извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на месец август во тековна фискална година (2022)

Царинската управа објавува оглас за вработување на 9 (девет) извршители на определено време до крајот на месец август во тековна фискална година (2022):

  1. Административен оператор за спроведување на обуки во Одделение за обуки во Сектор за управување со човечки ресурси,  1 извршител,
  2. Цариник во царинска испостава Скопје 1 во Царинарница Скопје, 1 извршител,
  3. Цариник во царинска испостава Пошта Скопје во Царинарница Скопје, 1 извршител,
  4. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Табановце автопат во Царинарница Куманово, 1 извршител, 
  5. Цариник во царинска испостава Белановце во Царинарница Куманово,  2 извршители,
  6. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Делчево во Царинарница Штип, 1 извршител, 
  7. Наплатувач на граничен премин за царинарница Куманово во Служба за управување со гранични премини за Царинарници Куманово во Одделение за управување со гранични премини во Сектор за административни и технички работи, 1 извршител,
  8. Наплатувач на граничен премин за царинарница  Гевгелија во Служба за управување со гранични премини за Царинарници Гевгелија во Одделение за управување со гранични премини во Сектор за административни и технички работи, 1 извршител.

Општи услови за сите работни места:

     -   да е државјанин на Република Северна Македонија,

     -   активно да го користи македонскиот јазик,

     -   да е полнолетен,

     -   да има општа здравствена способност за работното место и

    -   со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работно место: Виш цариник

    -    нивоа на квалификации: завршено VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180          кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и  управување (менаџмент), 

    -  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

    -   без работно искуство.

Посебни услови за работно место: Цариник

   -     ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование,

   -    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

   -     без работно искуство и

  -   потврда/сертификат за канцелариско и архивско работење само за работно место под реден број 2 (Цариник во царинска испостава Скопје 1).

Посебни услови за работно место: Административен оператор

   -     ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование,

   -    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

   -     најмалку две години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Наплатувач

  -      ниво на квалификации: Средно образование,

  -      без работно искуство.

 

Кандидатите  потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)

  -    Доказ за државјанство;

  -  Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар) ;

  -  Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование; (за високо образование – диплома и уверение со изразен степен на образование и просек, или за средно образование – сите свидетелства (од прва до четврта година) и диплома за завршено средно образование;

 -     Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

 -     Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);

 -     Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија-само за работните места каде што се бара работно искуство);

 -     Лекарско уверение издадено од специјалист не постаро од една година.

Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,

Паричен износ на основна нето плата за работно место: Виш цариник – 32.728,00 денари, Цариник- 24.338,00 денари, Административен оператор – 25.543,00 денари и Наплатувач – 17.843,00 денари,

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.08.2022 година.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs,gov.mk. Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадена во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.

Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, односно заклучно со 11.03.2022 година (петок).

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа  или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 3/2022“). Контакт телефонски број 02 3116 188  Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РСМ.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.

                                  

Врз основа на чл. 22  и 23 од Законот за работните односи  Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15,  27/16, 120/18 и Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 267/20 и 151/21)  в.в. со член 14, член  22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14,  27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ“ бр.143/19 и 14/20), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 01-036570/21-0001 од 17.06.2021 година, Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0002 од 17.06.2021 година и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0012 од 13.12.2021 година и број 01-036570/21-0017 од 11.02.2022 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-2310/2 од 04.03.2022 година, Царинската управа  објавува:

                                                            ЈАВЕН ОГЛАС бр. 02/2022

за вработување на 3 (три) извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на тековна фискална година (2022)

Царинската управа објавува оглас за вработување на 3 (три) извршители на определено време до крајот на тековна фискална година (2022):

  1. Советник за односи со јавноста и графички дизајн во Служба за одмоси со јавност во Одделение Кабинет на директорот, 1 извршител,
  2. Систем инженер  за корисничка поддршка во Служба за корисничка поддршка во Одделение за  апликативна поддршка во Сектор за информатички и комуникациски технологии, 1 извршител,
  3. Советник за апликативна поддршка во Служба за корисничка поддршка во Одделение за  апликативна поддршка во Сектор за информатички и комуникациски технологии, 1 извршител,

Општи услови за сите работни места:

      - да е државјанин на Република Северна Македонија,

      - активно да го користи македонскиот јазик,

      - да е полнолетен,

      - да има општа здравствена способност за работното место и

      - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работно место: Советник за односи со јавноста и графички дизајн

      - ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Наука за јазикот (Лингвистика), Ликовна уметност,

      - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),

      - најмалку една година работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Систем инженер  за корисничка поддршка

      - нивоа на квалификации: завршено VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Електротехника, Информатика, Машинство, 

      - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

      - најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Советник за апликативна поддршка

      - ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Машинство, Информатика, Организациони науки и управување (менаџмент),

      - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

      - најмалку една година работно искуство на царински работи или во струката.

Кандидатите  потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)

      - Доказ за државјанство;

      - Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);

      - Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование (за високо образование – диплома и уверение со изразен степен на образование и просек);

      - Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

      - Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);

      - Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија);

      - Лекарско уверение издадено од специјалист не постаро од една година.

Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,

Паричен износ на основна нето плата за работно место: Самостоен советник за односи со јавноста и графички дизајн – 32.391,00 денари, Систем инженер за корисничка поддршка – 37.538,00 денари  и Советник за апликативна поддршка – 34.114,00 денари.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2022 година.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs,gov.mk. Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадена во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.

Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, односно заклучно со 11.03.2022 година (петок).

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа  или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 2/2022“). Контакт телефонски број 02 3116 188  Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РСМ.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување. 

                                        

На 10 март 2022 година (четврток), од 9:30 до 13:30 часот, преку апликацијата  Zoom, ќе се одржи работилница за подобро разбирање и примена на преференцијалните правила за потекло на стоките - согласно ПЕМ Конвенцијата, Брегзит и новите транзициони преференцијални правила за потекло во Република Северна Македонија.

Работилницата е прва од серијата на настани кои Проектот на USAID EDGE (Economic Development, Governance and Enterprise Growth) ги организира во членките на CEFTA како дел од поддршката на процесот на имплементација на ревидираните правила на потекло. Во Република Северна Македонија, работилницата се организира во соработка со Царинската управа.

Основна цел на работилницата е да го олесни процесот на примена на ревидираните правила за потекло преку зголемување на степенот на информираност на компаниите за конкретните промени кои се воведуваат со новите поедноставени правила за утврдување на преференцијалното потекло, поволностите кои тие ги носат за приватниот сектор, како и начинот на нивна практична примена.

 Програмата на работилницата е составена од следните сегменти:

- Запознавање на компаниите со улогата, структурата и содржината на важечката ПЕМ Конвенција, како главен инструмент за регулирање на правилата и постапките за утврдување на потеклото на стоките со кои се тргува согласно договорите за слободна трговија склучени од страна на Република Северна Македонија со ЕУ, ЦЕФТА, ЕФТА, Турција, Украина и Обединетото Кралство; 

- Информирање на компаниите за процесот на ревидирање на ПЕМ Конвенцијата и договорените промени направени во насока на поедноставување и олеснување на примената на правилата за утврдување на потеклото на стоките и начинот на нивна примена во Република Северна Македонија;

- Интерактивна дискусија со претставници на Царинската управа во текот на која учесниците ќе имаат можност да постават прашања и да добијат појаснување на различни аспекти од примената на ревидираните правила за потекло.  

Ги молиме заинтересираните лица да се регистрираат за учество на работилницата најдоцна до 7 март 2022 година на следниот линк:

Meeting Registration - Zoom

 Финалната агендата ќе им биде доставена на регистрираните учесници два дена пред одржување на настанот.

 

 

Директорката на Царинската управа на Северна Македонија, Славица Кутиров и заменик -директорот Муарем Aсани, денеска оствари работна средба со Министерот за економија, Крешник Бектеши.

Царинската управа на Република Северна Македонија од денес во Скопје е домаќин на тридневна работилница како дел од подготвителните активности на операцијата  „Balkan Gate2”, организирана од Светската Царинска Организација, под покровителство на Јапонската фондација за царинска соработка (CCF Japan), на која учествуваат претставници на царинските и други истражни органи од девет земји од Европа и тоа од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Италија, Косово, Малта и Романија, како и високи претставници на Светска Царинска Организација, ЕУРОПОЛ и Јапонската фондација за царинска соработка.

Денес, во просториите на Царинската управа, се одржа работна средба со Државниот инспекторат за земјоделство.

На состанокот беа разгледани тековни прашања, поврзани со взаемната соработка помеѓу двете институции и ефикасно и координирано делување во делот на  царинските прописи и прописите со кои се регулира контролата на земјоделските производи.

Денешната работна средба беше искористена и за дискусија околу сработеното и остварените резултати досега на двете институции во активностите  и проектите кои произлегуваат од иницијативата Отворен Балкан.

1
1
2
2
3
3
4
4
Previous Next Play Pause
1 2 3 4