Царинската управа на Република Северна Македонија на 10.02.2021 година до Основното јавно обвинителство во Гевгелија поднесе кривична пријава против две правни лица со седишта во Тетово и Гевгелија и против 3 одговорни лица, поради основано сомневање дека е сторено кривично дело „Недозволено тргување со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра односно стоки“, што е казниво по член 60, став 5 и став 6 во врска со став 1 од Законот за акцизи.

Директорот на Царинската управа Горан Сугарески и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, на денешната работна средба ја потврдија заложбата за сузбивање на организираниот финансиски криминал како заедничка цел на двете институции.

Царинската управа на Република Северна Македонија успешно ја заврши постапката за меѓународна валидација на Програмата за Овластен економски оператор (ОЕО).  Во извештајот на меѓународните валидатори од земјите членки на ЦЕФТА, ЦЕФТА Секретаријатот, Европската Комисија и експерти на ГИЗ, со највисоко ниво е оценета Програмата за ОЕО на Република Северна Македонија,во кој е потврден дека законски е усогласена со законодавството на ЕУ, а постапките и процесите се во согласност со меѓународните стандарди на ЕУ и на Светската царинска организација.
Со меѓународното признавање, македонските ОЕО, покрај погодностите во нашата држава, ќе имаат големи погодности и во земјите на ЦЕФТА, како што се приоритетно минување на граничните промени, помалку контроли, избегнување на дупло поднесување на документи, бесплатни обуки.
Постапката за меѓународно признавање започна во јуни 2020 година и Република Северна Македонија е прва земја во ЦЕФТА што доби меѓународно признавање. Ова признание е потврда на посветеноста на Царинската управа за градење на партнерски однос со деловната заедница и создавање на услови за побрзо минување на граница и олеснување на царинските постапки.
Список на компании што се Овластен економски оператор може да се прочита на следниов линк:


https://customs.gov.mk/index.php/mk/biznis-zaednica-mk/aeo-mk/1989-spisok-na-ovlasteni-ekonomski-operatori

 

 

 

   

 

 

Почитувани кандидати,

Царинската управа ве известува дека во период од 15.02.2021 до 26.02.2021 година, можете да ги поднесувате и доставувате вашите Барања за полагање на прв дел (теоретски дел) од стучен испит за лиценциран застапник, во архивата на Царинска управа на адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.01.-OБ.04.01, кој можете да го најдете на link.

I.Кандидатите кои ја имаат посетено претходната обука и по прв пат поднесуваат барање за полагање на прв дел (теоретски) од стручниот испит за лиценциран застапник, задолжително кон барањето треба да ги поднесат следниве документи:

1.Диплома за завршено најмалку средно образование (во оригинал или фотокопија заверена на нотар),

2. Доказ за работно искуство од најмалку една година во областа на царинското работење (во оригинал или фотокопија заверена на нотар). 

3.Сертификат за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор член на здружението ALTE на европски тестатори или уверение од меѓународна институција А1 (А1) ниво на ЦЕФР ((CEFR), односно ФЦЕ, БУЛАТС; или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат (во оригинал или фотокопија заверена на нотар),

4.Уверение за посетена претходна обука за лиценциран застапник (само во фотокопија) и

5.Административна такса од 50 денари и 500 денари за изработка на одлука -Решение за исполнети услови за полагање стручен испит за лиценциран застапник.

II.Право да поднесат пријава и да го полагаат првиот дел од испитот (теоретски дел) имаат и оние кандидати кои во претходните сесии не успеале да го положат испитот во целост. За секое понатамошно полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, согласно Правилникот, се наплаќа надоместок во износ од 6.000,00 денари. Овие кандидати поднесуваат само пријава на образец 01.30.00.ПЦ.005.01.-ОБ.05.01 и уплатница од 6.000,00 денари. Link

Уплатата за сите кандидати се врши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управ ул. „Лазар Личеноски“ број 13,  1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: за административна такса и изработка на одлука за лиценциран застапник.

По завршување на рокот за пријавување, Царинската управа ќе ги разгледа доставените документи и на својата веб страна, ќе објави список на кандидати кои ги исполнуваат условите за да го полагаат испитот.

Полагањето на стручниот испит за лиценциран застапник е закажано за 08.03.2021 година со почеток во 13:50 часот во просториja број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б.

Сите кандидати на денот на денот на полагањето на испитот, со себе да носат и лична карта заради нивна идентификација.

Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Правен факултет Скопје) 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.

Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин  за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.

ПРИЈАВАЗА ПОВТОРНО ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦИРАН ЗАСТАПНИК

БАРАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦИРАН ЗАСТАПНИК

 

Директорот на Царинската управа, г. Сугарески и директорот на А.Д. Пошта, г. Јани Макрадули остварија средба на која разговараа за зајакнување на заедничките активности помеѓу двете институции во насока на подобрување на Поштенскиот сообраќај кој има исклучително важна улога во вкупното царинско работење, од причина што покрај испраќањето на поштенски писмоносни пратки, се врши праќање и на пакети кои претставуваат царинска стока.

Прекуграничната е-трговија целосно ја смени перцепцијата на Царината на меѓународно ниво и стана главен аспект на променливиот свет на производство, трговија и економија кој овозможува подобри економски можности и зајакната регионална соработка.

Во текот на 2020 година се спроведе Проект за модернизација на царинското работење во е-трговија и во поштенскиот сообраќај помеѓу Царинската управа на РСМ и Царината на Кореа.

Оваа година, ГИЗ започна нов регионален проект за модернизирање на прекуграничната е-трговија и поштенското царинско работење во рамки на ЦЕФТА. Целта на овој проект кој ќе трае 4 години е

    подобрување на законодавството за е-трговија,

    подобрување на даночното законодавство и

    хармонизирање на царинските постапки во ЦЕФТА регионот.

Од овој проект ќе произлезат повеќе бенефити за двете институции од кои најважно е  поврзување на СОЦДАД на Царинската управа со ИТ системот на А.Д. Пошта, односно целосно дигитализирање на постапките.

1
1
2
2
3
3
4
4
Previous Next Play Pause
1 2 3 4

Директорот на Царинската управа, г. Сугарески беше домаќин на Францускиот амбасадор Н.Е. Сирил Бомгартнер, г. Жулиен Отре,  царинско аташе на Франција задолжено за Југоисточна Европа и Балкан и г. Стефан Ропер, аташе за внатрешна безбедност. На средбата беше потврдена  взаемната  билатерална соработка која веќе подолг период успешно се реализира преку семинари, студиски посети, обуки и донирана техничка опрема.

На состанокот со членовите и претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, г-ѓа Биљана Ивановска, беше потврдена споделената визија за воспоставување ефикасен систем за превенирање и сузбивање на корупцијата. Директорот на Царината Сугарески ги презентираше редовните и планирани активности на царинската организациона единица задолжена за професионални стандарди, со акцентирање на досегашните видливи резултати и трасирани идни делувања според Стратегијата на Царинската управа за интегритет и борба против корупција 2019-2022.

Претставници на Царинската управа од Секторот за контрола и истраги и директорот Сугарески денес како домаќини одржаа средба со претставници на Канцеларијата на  Обединетите Нации за дрога и криминал. Средбата беше со цел договарање на активностите и обврските што произлегуваат од формирањето на национална аеродромска меѓуагенциска група на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Почитувани кандидати,

Царинската управа Ве известува дека, Уверенијата за посетена претходна обука за лиценцирани застапници, одржана од 20-28.01.2021 година  се изготвени.

Сите кандидати кои редовно ја посетуваа оваа претходна обука потребно е лично (со документ за идентификација) да дојдат во просториите на Царинска управа на адреса „Лазар Личеноски“ број 13 Скопје (стара зграда) на први спрат во Одделението за царински и даночни постапки, соба број 8 секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, за да ги подигнат Уверенијата, започнувајќи од 04.02 до 12.02.2021 година.

Доколку некои од кандидатите не се во можност (од било која причина) да дојдат лично и да го подигнат Уверението за посетена претходна обука,  во тој случај Уверението може во нивно име да ги подигне било кое лице од нив ангажирано, кое лице задолжително мора да се легитимира со лична карта.  

Ако и на ваков начин кандидатите не ќе можат да ги подигнат своите Уверенија, тогаш Царинска управа истите ќе им ги доставени на домашна адреса наведена во пријавата.  

Кандидатите кои нема да можат да ги подигнат Уверенијата на претходните два начина односно сакаат Уверенијата да им бидат доставени по пошта на домашна адреса, должни се со електронска порака да го известат одговорното лице за стручни и административни работи, Весна Петреска на следнава е-меил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

На покана на директорот Сугарески, денес Царинската управа ја посети Јавниот обвинител Љубомир Јовески.  На средбата се дискутираше за продлабочување на заедничките напори за истрага и кривично гонење, јакнење на капацитетите и координација на надлежните органи.