Вчера (25.01.2018 година), царинските инспектори од Одделението за оперативни работи, на граничен премин Табановце запленија околу 20 килограми марихуана. 

На 24.01.2018 година беше остварена средба меѓу директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски и Амбасадорката на Јапонија г-а Кеико Ханеда.

Ги информираме кандидатите кои успешно го положија испитот за лиценциран застапник дека Уверенијата за положен стручен испит за лиценциран застапник можат да ги подигнат лично од Царинската управа на Република Македонија стара зграда канцеларија 9 секој работен ден од 08.30 до 16.30 часот.

Денес  во просториите на Царинската управа беше остварена средба меѓу директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски и амбасадорот на Кралството Холандија г-дин Вилем Ваутер Пломп.

Во текот на изминатите две недели, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани фалсификати, семенски материјал, читачи за патарина, употребувани алати, регистарски таблички, облека, девизи и цигари.

Постапувајќи по констатирани неправилности, Секторот за контрола и истраги во Царинската управа на Република Македонија, во месец декември 2017 година, до надлежните јавни обвинителства поднесе 7 кривични пријави против 7 физички лица и 7 правни лица.

Во текот на последните две недели од 2017 година царинските службеници спречија два обиди за криумчарење дрога. 

На 27.12.2017 година во просториите на Царинската управа се оствари билатерална средба  на тема ,,Регионална соработка на полето на контрола на извоз на стратешки стоки” помеѓу претставниците на Комисијата за контрола на трговијата со стратешки стоки на Република Косово и претставници на Царинската управа на Република Македонија.

Од 1 јануари 2018 година започнуваат да се применуваат одредбите од Законот за изменување и дополнување на законот за акцизите („Сл. весник на РМ“ бр. 171 од 28.11.2017 година) и Правилникот за дополнување на правилникот за спроведување на законот за акцизите („Сл. весник на РМ“ бр. 180 од 11.12.2017 година).

 

Денес (19.12.2017 година) во просториите на ЕУ Инфо центарот, официјално беше одбележан почетокот на Твининг проектот „Зајакнување на институционалните и оперативни капацитети на Царинската Управа“.