Денеска во министерството за внатрешни работи ,министерот Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски остварија работна средба со директорката  Славица Кутиров и претставници од Царинската управа. 

Одделнието за истраги при Царинската управа на Република Северна Македонија во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при МВР, на ден 06.09.2021 година спроведе акција против нелегална продажба на режан тутун. Предмет на акцијата беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра, а поради постапување спротивно од Царинскиот закон и другите закони за чие спроведување е надлежна Царинската управа на РСМ, на две одделни локации на територија на Град Скопје привремено се одземени

Во просториите на Царинска управа, директорката  на Царинската управа м-р Славица Кутиров, заедно со тим од вработените, оствари средба со високи претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје (ДЕУ). На средбата се разговараше за реализацијата на тековните, како и активностите за програмирање на идните проекти поддржани од ЕУ фондовите.

При контрола на автобус пријавен за излез на ГП Деве Баир, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 100.000 швајцарски франци.

Царинска управа информира дека јавниот Оглас 02/2021 година за вработување на 16 извршители на определено работно време, објавен во весниците Слободен печат и Коха на 06.08.2021 година, се става во мирување.  

За подетлани информации Линк до Одлука за ставање на оглас во мирување.

 

 

Директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров се сретна со аташето на ICITAP на Северна Македонија во Амбасадата на САД во Скопје, г. Карл Ришеим. Аташето изрази задоволство од посетата, посакувајќи и успех на директорката на новата позиција.

Одделенито за разузнавање во склоп на Секторот за Контрола и истраги при Царинската управа на РС Македонија и во услови на пандемија продолжува со успешно реализирање на своите надлежности. 

Директорката на Царинската управа г-ѓа Славица Кутиров, денес оствари работна средба со г-дин Мартин Краних, царински офицер за врски на Федеративна Република Германија кој е задолжен за Северна Македонија, Бугарија и Романија.

Во текот на денешниот ден при вршење на детална царинска контрола на автобус пријавен за влез во Република Северна Македонија, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 2.773 грама златен накит и 1 автобус.

Почитувани,

Царинската управа постапувајќи по поднесената иницијатива од страна на Групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори организира вонредна дополнителна обука за оние лиценцирани застапници на кои им е одземена лиценцата по основ за непосетување на две последователни дополнителни обуки.

Согласно член 6 став (2) од Правилникот за програмата за спроведување на претходната обука за лиценциран застапник, висината на надоместоците за полагање на стручниот испит и за посетување на претходна обука за лиценциран застапник, програмата за полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, начинот на бодување на првиот и вториот дел од испитот, формата и содржината на уверението за положен стручен испит за лиценциран застапник, програмата за спроведување на дополнителната обука за лиценциран застапник и висината на надоместокот за посетување на дополнителната обука за лиценциран застапник, учесниците на дополнителната обука потребно е да уплатат надомест во износ од 4.500,00 денари.

Уплатата може да се изврши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа
Лазар Личеноски 13, 1000 Скопје
Банка на примач: НБРМ
Сметка: 100-0000000630-95
Сметка на буџетски корисник: 090030017578714
Приходна шифра и програма: 725939 20

ЕДБ: МК 4030992228017
Цел на дознака: Посета на дополнителна обука за (име и презиме на слушателот)

Сите лиценцирани застапници на кои им е одземена лиценцата за да ја посетуваат вонредната дополнителна обука потребно е да достават ПРИЈАВА за посета на дополнителната обука и доказ за уплатени средства во архивите на: Царинската управа и царинарниците Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово.

Рок за доставување на пријавите: до 15. 9.2021 година

Вонредната дополнителната обука ќе се одржи онлајн во периодот од 21.-24.9.2021 година со користење на алатката Microsoft Teams според следниот распоред

Ред. бројТема на обукатаДатумЧас
Забрани и ограничувања21.9.202110,00 – 12,00
Прописи од областа на царината21.9.202113,00 – 15,00

Царинска вредност и потекло на стоката

22. 9.202110,00 – 12,00
Царинска тарифа, класификација на стоки и ТАРИК/ТАРИМ22.9.202113,00 – 15,00
Даноци и акцизи при увоз и извоз23. 9.202110,00 – 12,00

Пуштање на стока во слободен промет

23. 9.202113,00 – 15,00

Управување со одобренија

24. 9.202110,00 – 12,00
Обезбедување на царински долг24. 9.202113,00 – 15,00

Листата на застапници кои ќе земат учество на вонредната дополнителна обука ќе биде дополнително објавена на интернет страната по завршување на рокот за пријавување.

Царинската управа го задржува правото за измена на термините, доколку за истото се појави потреба и пријавените учесници ќе бидат навремено информирани за промената.

 

 

Со цел подготовка на обуките согласно Програмата за дополнителна обука за лиценцираните застапници, но и прилагодување на обуките спрема потребите на слушателите, прашањата кои може да се дискутираат на обуките може да ги доставите на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..