На 21 ноември 2016 година Царинската управа на Република Македонија во соработка со Даночната академија при Управата за јавни приходи организираше обука на тема „Основи на сметководство и видови на докази при поднесување на ДДВ пријава“.
Обуката беше фокусирана на:
- пополнување и поднесување на даночната пријава на данокот на додадена вредност (ДДВ-04) и прилози кон ДДВ пријавата,
- примена на Законот за регистрирање на готовински плаќања на бензинските станици и
- сметководствено евидентирање на трговија со нафтени деривати и тутунски производи.
На оваа обука учествуваа 30 царински службеници од повеќе организациони единици во Царинската управа.
Обуката претставува продолжување на соработката и размената на искуства и знаења помеѓу двете институции, која на редовна основа ќе продолжи и во иднина.