Денес се одржа работна средба организирана од Стопанската комора на Република Северна Македонија, на која присуствуваа  директорот на Стопанската комора Бранко Азески, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорката на Царинската управа Славица Кутиров и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски. Средбата се одржа на граничниот премин Табановце, кој во моментот е најпрометниот граничен премин за влез во државата.

На состанокот Стопанската комора ги презентираше своите првични согледувања од присуството на нивни претставници на овој граничен премин, во рамки на Проектот „Следење на протокот на стоки на граничниот премин Табановце“. Активноста започна на 1 јули 2022 година и ќе се спроведува до 31 август 2022 година, a има за цел практично да го евидентира протокот на товарни возила на најфреквентниот граничен премин на влез во овој период, утврдување на фактичката ситуација и да предложи мерки за надминување на евентуалните забележани проблеми.

Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров информираше дека протокот на возилата (товарни, патнички и автобуси) се одвива без прекин, и од средината на јуни, за истиот се применува концептот Оne Stop Shop, согласно Договорот  за контрола со едно застанувањесо Република Србија, на влез во државата преку граничниот премин Табановце.

„Влезот на товарни моторни возила се врши преку 2 ленти, од кои едната е за приоритетно влегување на товарни возила од земјите од иницијативата Отворен Балкан, согласно договорената соработка меѓу трите земји во делот на протокот настоки. Тука освен возилата од овие три земји се вклучени и постапките од Зелените коридори и компаниите иматели на одобрение за Овластен економски оператор. Поради големиот наплив на патнички возила и автобуси овие жешки месеци, оваа лента повремено е пренаменувана за патнички сообраќај. Со цел да се надмине оваа состојба, како што веќе најавив минатата недела, во координација со колегите од Република Србија, од вчера се ставени во функција уште 2 нови ленти за патнички моторни возила за влез, кои пред воведувањето на One Stop Shop беа наменети за излез. Со тоа ќе се овозможи лентата за Отворен Балкан и покрај големиот наплив на патнички возила да биде постојано слободна за проток на стоките од земјите од Отворен Балкан. Ова секако ќе има влијание и на забрзување на протокот во целост.“ изјави директорката на Царинската управа, Славица Кутиров.

Понатаму, директорката Кутиров најави уште една голема новина со цел забрзување на царинските увозни постапки, на која Царинската управа работи изминативе неколку месеци, а се очекува да се применува од 1-ви октомври оваа година. Се работи за надградба на системот за обработка на царински декларации, со што постапката за пуштање на стоката во слободен промет ќе биде автоматска, за 1 час по поднесувањето на царинската декларација, доколку истата ги помине потребните проверки и валидации преку системот, вклучувајќи и успешна проверка на платени давачки или обезбедени со банкарска гаранција. Во следниот период бизнис заедницата ќе биде детално запознаена со овие унапредувања на системот и спроведувањето на царинските постапки.

Претставниците на сите вклучени институции во граничната постапка и Стопанската комора дискутираа за можностите за поблиска соработка во насока на олеснување на трговијата во регионот,  како и планирање на заеднички идни активности кои ќе придонесат кон забрзување на протокот на стока и патници и подобри услови за економските оператори.

    

 

0108202245
0201202248454
502082022445
3010820224454
4020820224545
6020820224547
7020820224545
8020820224545
10020820224548
11020820224567
90208202254545
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11