Ве известуваме дека на 26.07 во периодот од 20:00 до 23:00 часот предвидена е надградба на царинскиот систем Интегрирана тарифна околина.

Од оваа причина во овој период, нема да бидат во функција или отежнато ќе работат Интегрираната тарифна околина ИТО, Системот за обработка царински и акцизни документи СОЦДАД и Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки - EXIM.

Исто така компаниите што користат софтвер кој е поврзан со Интегрираната тарфина околина, нема да можат да ги користат функционалностите на овој систем.

По завршување на надградбата ќе бидете информирани.