Денес директорката на Царинската управа во Министерството за финансии присуствуваше на заеднички состанок инициран од министерот Фатмир Бесими, со претставници од Кабинетот на премиерот, директорката на Управата за јавни приходи, претставници од Стопанската комора на РС Македонија, Стопанска комора на Северо-западна Македонија, МАСИТ и Сојузот на стопански комори.

На состанокот се дискутираше за мерките и  политиките кои се планирани како и целите на ребалансот на Буџетот за 2022 година што беше усвоен од Собранието.

Говорниците се согласија дека оваа криза има големо влијание и секој треба реално да ја согледа и да преземе дел од товарот. Затоа мерките треба да бидат таргетирани и насочени кон најпогодените од кризата.

Министерот ги запозна присутните со целите на Ребалансот на Буџетот, при што акцент беше ставен на поддршката на стопанството и што се презема за во наредниот период да се одговори на предизвиците кои ги носи кризата,  преку таргетирани мерки. Во насоките по кои се движи Министерството во креирањето политики исклучително е важна соработката со приватниот сектор со кој заедно треба да се одговори на предвизиците од енергетската криза.

Претставниците на најголемите стопански комори во земјава, ги поздравија мерките и политиките што ги презема Владата досега во справување со кризата и упатија порака дека поддршката на претпријатијата  е од особено значење особено во периодот што следи, бидејќи тие се извор на приход и на граѓаните, кои се вработени во нив, но и на приходите во буџетот.

Потенцираа дека фокусот треба да се стави особено на поддршката во делот на електричната енергија, бидејќи, како што рекоа, фирмите нема да можат да го издржат долго енергетскиот удар. На состанокот стана збор и за даночната политика, притисокот за раст на платите, а беше потенцирано и значењето на ИТ секторот кој бележи раст во услови на криза.

 

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3