Денес и утре во Скопје се одржува Работилница за сигурносните и безбедносните аспекти на имплементација на програмата за Овластен економски оператор во ЦЕФТА, во рамки на програмата на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата (EDGE), со поддршка од германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, преку Проектот за поддршка на регионалната економска интеграција. На работилницата присуствуваа високи претставници на Царинската управа, УСАИД мисијата во Скопје, ГИЗ и експерт за царини од САД, како и претставници од царините од сите земји членки на ЦЕФТА.

Главна цел на оваа работилница е зајакнување на капацитетите на царинските органи за имплементација на националните програми за овластен економски оператор (ОЕО) во ЦЕФТА регионот, за подобро разбирање на сигурносните и безбедносните барања и стандарди за компаниите за стекнување со одобрение за ОЕО и следење на безбедносните перформанси на ОЕО.  

Директорката на Царинската управа Славица Кутиров имаше поздравно обраќање на отварањето, каде истакна дека имплементацијата на програмите на ОЕО на национално ниво и нивно меѓусебно препознавање во регионот е во согласност со најновите барања на економските оператори и нивните очекувања, следејќи ги современите текови. Покрај многуте активности што Царинската управа ги спроведува во моментов, како дел од активностите во рамките на ЦЕФТА и на иницијативата Отворен Балкан, активно се работи на меѓусебно признавање на сертификатите за ОЕО во регионот, непречено функционирање на зелените коридори, како и воспоставување на електронска размена на податоци со земјите во регионот и соседните земји членки на ЕУ, во насока на поддршка и обезбедување на непреченост во регионалниот и глобалниот синџир на снабдување.

    

    

29062022naslov4545
129062022456
2290620224545456
Previous Next Play Pause
1 2 3