Мобилните царински тимови во соработка со Министерството за внатрешни работи спречија обид за криумчарење на наркотични средства.

На 26.06.2022 година, на граничниот премин Табановце автопат при извршена контрола со царинско куче на холандски автомобил, со кој за влез во државата се пријавиле тројца македонски државјани,повеќе места во возилото (преграда на предната десна врата, преграда меѓу предните седишта, женска чанта и кеса со храна) биле пронајдени и запленети 203,97 грама кокаин,12 цигари со 13,99 грама тутун со хашиш, 2,6 грама марихуана и 2,46 грама хашиш.

Патничкото моторно возило е привремено одземено и случајот е предаден на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.

 

28062022naslov
1280620224545
22806202248441
Previous Next Play Pause
1 2 3