Денес директорката на Царинската управа Славица Кутиров, оствари средба со директорот на Царинската управа на Република Хрватска Марио Демировиќ, на која се дискутираше за продолжување и интензивирање на  меѓусебната соработка, преку размена на искуства во повеќе актуелни области и теми од царинското работење. Исто така, се разговараше и за теми од заедничкиот твининг проект: „Подобрување на наплатата на приходите, даночната и царинската политика“, каде вработените на Царинската управа имаат можност да добијат помош од експертите од Хрватска и Австрија, при спроведување на активностите за развој согласно Акциониот план.

Директорите на двете царински служби разменија искуства за активности поврзани со модернизација на најфреквентните гранични премини и внатрешни царински терминали, во насока на олеснување на трговијата, како и за методи за подобрување на капацитетите и организацијата на службата. Стана збор и за тековните проекти кои Царинската управа ги имплементира, со цел поедноставување на царинските постапки, подобрување на капацитетите за царинска контрола и контрола по царинење, намалување на времето на чекање на границите за економските оператори, како и за меѓуинституционална размена на податоци на меѓународно и национално ниво.

На денешната средба беше истакнато долгогодишното стратешкото партнерство помеѓу двете институции, со што се потврдија заложбите за идна соработка, преку примена на најдобрите практики во функција на приближување на Царинската управа кон царините од земјите-членки на Европската унија.

    

    

 

10206202248
2020620224489
3020620224865
Previous Next Play Pause
1 2 3