На состанокот беа опфатени повеќе теми од заеднички интерес на двете институции. Истакнато беше дека од клучно значење за ефикасно извршувањето на услугите кон граѓаните и деловните субјекти е меѓусебното поврзување и користење на регистрите и базите на податоци меѓу државните органи и институции. Присутните на состанокот дискутираа за понатамошните активности во однос на интеграција на Царинската управа со Националниот регистар на граѓани и воведување на заеднички ИД идентификатор за физички лица, за воведувањето на централна база на национални регистри, но и за предизвиците поврзани со реформите и вработените во јавната администрација.
Присутните изразија посветеност за продолжување на блиската комуникација и соработка, а со цел зголемување на ефикасноста на дигиталните услуги за економските оператори и граѓаните.