Денес  директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров и градоначалникот на општина Струмица г. Костадин  Костадинов, спроведоа акција за засадување на дрвца во централното подрачје на Струмица.

Годинава, Царинската управа на Република Северна Македонија, прославува  јубилејни 30 години од основањето како независна служба. По тој повод, организирани се низа активности за свечено одбележување на јубилејот.

Во насока на поттикнување на свесноста за важноста на чистата околина, дел од активностите што ги организира Царинската управа е седмица на пошумување, при што во текот на цела оваа седмица на повеќе различни локации низ државата ќе бидат засадени дрвца.

 

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6