Директорката на Царинската управа на Република Северна Македонија, м-р Славица Кутиров  вчера и денес учествува на седмиот неформален регионален состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан што се одржува во Будва, Црна Гора.

На состанокот, присуствуваат и директори или високи претставници на Царинските управи на Црна Гора, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и ЦЕФТА. Состанокот е во организација на Царинската служба на Црна Гора, а е поддржан од  Владата и Царинската и даночна служба на Обединетото  Кралство.

На состанокот, од страна на сите царински управи од земјите од Западен Балкан е даден осврт на активностите поврзани со: меѓусебните признавања на сертификатите за Овластен економски оператор, преземените мерки за воведувањето на Зелени коридори, е-трговија, активностите во рамки на ЦЕФТА, како и посебен осврт во реформите во царинското работење и идните активности на царинските служби од земјите од Западен Балкан. На вториот ден од состанокот се презентира и активностите поврзни со  размена на податоци преку SEED системот во рамките на ЦЕФТА и активности од царинските злужби од Западен Балкан поврзани со спречување на криумчарење на цигари и други тутунски производи.

Царинската управа на Република Северна Македонија, активно учествува во сите наведени активности за чија реализација е потребна соработка со царинските служби од сите земји од Западен Балкан. Сите преземени и идните планирани активности се во насока на продлабочување на соработката на Царинската управа со царинските служби од земјите на Западен Балкан, а реализацијата на истите ќе значи забрзување на царинските постапки, координарана соработка во насока на спречување на криумчарење и координирање на контролните активности на службите и олеснување на трговијата и транспортот во регионот на Западен Балкан.

 

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6