Денес во Охрид започна тродневната Регионална конференција за подобрување на безбедноста на границите во организација на Мисијата на ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка за Европа) и УНОДЦ (Канцеларија за борба против криминал и дрога при Обединетите Нации), на која учествуваат директори и високи претставници на Царините и граничните власти на земјите од Западен Балкан, како и високи претставници од царинските и полициските служби од Република Грција.

Свое обраќање на Конференцијата имаше директорката на Царинска управа м-р Славица Кутиров, заменик директорот на Бирото за јавна безбедност г. Ариф Асани, како и претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Канцеларија за борба против криминал и дрога при Обединетите Нации.

Главна цел на Регионалната конференција е подобрување на безбедноста на границите преку зајакнување на капацитетите на граничните власти во земјите од Западен Балкан.

Во своето обраќање, директорката на Царинска управа Кутиров, се осврна на професионалната соработка и поддршката што ја добиваме од Мисијата на ОБСЕ и Канцеларијата на УНОДЦ, со кои активно спроведуваме неколку проекти, како и на високото ниво на соработка помеѓу Царинските управи во регионот, полицијата и обвинителството. Исто така, информираше за статусот на активноста за формирањето на посебната меѓуагенциска група на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Во наредните два дена теми на дискусија на Регионалната конференција ќе бидат предизвиците во безбедноста на границите, како и идните проекти во насока на поддршка на ефективни и координирани акции за откривање на недозволена трговија и зајакнување на капацитетите на граничните власти во земјите од Западен Балкан во борбата против организираниот криминал.

 

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
7
7
8
8
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8