На 10 март 2022 година (четврток), од 9:30 до 13:30 часот, преку апликацијата  Zoom, ќе се одржи работилница за подобро разбирање и примена на преференцијалните правила за потекло на стоките - согласно ПЕМ Конвенцијата, Брегзит и новите транзициони преференцијални правила за потекло во Република Северна Македонија.

Работилницата е прва од серијата на настани кои Проектот на USAID EDGE (Economic Development, Governance and Enterprise Growth) ги организира во членките на CEFTA како дел од поддршката на процесот на имплементација на ревидираните правила на потекло. Во Република Северна Македонија, работилницата се организира во соработка со Царинската управа.

Основна цел на работилницата е да го олесни процесот на примена на ревидираните правила за потекло преку зголемување на степенот на информираност на компаниите за конкретните промени кои се воведуваат со новите поедноставени правила за утврдување на преференцијалното потекло, поволностите кои тие ги носат за приватниот сектор, како и начинот на нивна практична примена.

 Програмата на работилницата е составена од следните сегменти:

- Запознавање на компаниите со улогата, структурата и содржината на важечката ПЕМ Конвенција, како главен инструмент за регулирање на правилата и постапките за утврдување на потеклото на стоките со кои се тргува согласно договорите за слободна трговија склучени од страна на Република Северна Македонија со ЕУ, ЦЕФТА, ЕФТА, Турција, Украина и Обединетото Кралство; 

- Информирање на компаниите за процесот на ревидирање на ПЕМ Конвенцијата и договорените промени направени во насока на поедноставување и олеснување на примената на правилата за утврдување на потеклото на стоките и начинот на нивна примена во Република Северна Македонија;

- Интерактивна дискусија со претставници на Царинската управа во текот на која учесниците ќе имаат можност да постават прашања и да добијат појаснување на различни аспекти од примената на ревидираните правила за потекло.  

Ги молиме заинтересираните лица да се регистрираат за учество на работилницата најдоцна до 7 март 2022 година на следниот линк:

Meeting Registration - Zoom

 Финалната агендата ќе им биде доставена на регистрираните учесници два дена пред одржување на настанот.