Денес и утре Директорката на Царинската управа г-ѓа Славица Кутиров учествува на Првиот подготвителен состанок за 30-ти Форум за економски и еколошки прашања на ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка за Европа), што се одржува во Виена. Форумот промовира дијалог за економските и еколошките прашања поврзани со безбедноста на земјите, од каде произлегуваат препораки и активности за справување со овие предизвици. Темата на овогодишниот 30-ти Форум е „Промовирање на безбедност и стабилност на земјите учесници во ОБСЕ за економско закрепнување од Ковид -19 пандемијата“.

На состанокот учествуваат  високи претставници на владите, државни институции, граѓанското општество, академската и деловната заедница и други меѓународни организации, на земјите учесници во ОБСЕ.

Од големо значење е и тоа што во 2023 година, претседателството со Советот на ОБСЕ го презема Република Сeверна Македонија.

Настанот го отвориja претседавачот на ОБСЕ Советот г. Адам Халацински од Полска, како и генералниот секретар на ОБСЕ г-ѓа Хелга Марија Шмид. На првиот ден од состанокот обраќање имаше и директорката Кутиров, во рамки на Сесијата за „Поддршка на одржливо економско опоравување и раст преку промовирање на транспортот и олеснување на трговијата“. Таа се осврна на активностите што ги презема Царинската управа, во насока на олеснување на трговијата, поедноставувањата на царинските постапки, дигитализација и регионалната соработка. 

Присутните на Првиот подготвителен состанок истакнаа дека и покрај напредокот во изминатите две години, пандемијата со КОВИД-19 останува значаен предизвик за просперитетот и безбедноста во регионот на ОБСЕ, а олеснувањето на трговијата е основна за поддршка во заздравување на економиите на земјите.

За време на 30-ти Форум за економски и еколошки прашања на ОБСЕ, што ќе се одржи во септември 2022 година, се очекува министри од земјите учеснички во ОБСЕ да ги усвојат заклучоците од овој Прв подготвителен состанок, како и од Вториот подготвилен состанок што дополнително ќе се одржи.

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5