Вчера и денес, се одржа онлајн работилница за Едношалтерскиот систем и размена на податоци на кој учествуваат претставници на царинските служби, бизнис заедницата, агенции и институции вклучени во царинските постапки од земјите од Западен Балкан.  Работилницата е организирана од Царинската управа на Република Северна Македонија во соработка со UNECE (Економска комисија на Обединети Нации за Европа). Учесници на работилницата се и високи претставници од Европската комисија, Светска банка, ЦЕФТА и други партнери.

На работилницата претставници на Царинските администрации на Србија, Северна Македонија и Албанија ги презентираа концептите за развојот на Новиот едношалтерски систем. Напредокот во имплементацијата на едношалтерскиот систем во Западен Балкан и ЕУ, со посебен акцент на развојот на моделот на податоци беше презентиран од претставик на Европската комисија. Учесниците на работилницата од Економска комисија на Обединети Нации за Европа, Европската комисија, Транспортната заедница, како и претставнци на Центарот за олеснување на трговијата и Е-бизнис на ОН (UN/CEFACT ) ги презентираа стандардите за дигитализација на тековите на мултимодални транспортни податоци и меѓународни стандарди за размена на документи.

Директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров, во своето поздравно обраќање истакна дека Царинската управа на Република Северна Македонија е активен учесник во Проектот за олеснување на трговијата во Западен Балкан, финансиран со заем од Светска банка, со целосна поддршка на Меѓународната финансиска корпорација (IFC). Eдна од компонентите што се реализираат во рамките на овој проект, е имплементација на Новиот едношалтерски систем. Очекувањата од едношалтерскиот систем се да одговори на потребите и барањата на Царината, агенциите и инспекциските служби кои учествуваат во царинската постапка, како и на бизнис заедницата, во насока на дополнително олеснување и забрзување на прекуграничната трговија и усогласување со прописите и стандардите во земјите членки на ЕУ.

На работилницата, обраќање имаше и г-ѓа Елизабет Туерк, директор на UNECE која се осврна на активностите што се преземаат за олеснување на прекуграничната трговија. Исто така, г-ѓа Туерк истакна дека Царинската управа на Република Северна Македонија е прва во регионот а втора од институциите во земјите во Европа што вовеле едношалтерски систем во своето работење, што е од огромно занчење за олеснување на трговијата.

NSW rabotilnaca naslovna
NSWabotilnica127012022
NSWprezentacii27012022
NSWrabotilnica227012022
NSWrabotilnicaprezentacii270220226
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5