Во текот на вчерашниот ден, како дел од акитвностите предвидени со Меморандумот за соработка со Универзитетот Мајка Тереза од Скопје, за студентите на четврта година од насоката за царина, шпедиција и осигурување се одржа презентација на тема „Процесот на реформа, модернизација и дигитализација на Царинската управа“.

Целта на оваа презентација беше студентите да бидат во тек со новините и измените кои Царинската управа редовно ги воведува во секојдневното работење.

Учесниците на презентацијата изразија благодарност кон Царинската управа за професионалниот начин на презентирање на практичното работење, кое е неопходно за утврдување на теоријата која ја изучуваат во текот на студиите.

Царинската управа преку Меморандуми за соработка со високообразовните институции постојано работи на зголемување на знаењата на студентите за надлежностите и улогата која ја има оваа институција.

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6