Денес, во просториите на Стопанската комора се одржа прес конференција на која присуствуваа претседателот на Комората г. Бранко Азески, министерот за финансии г. Фатмир Бесими, директорката на Царинската управа г-ѓа Славица Кутиров и Извршниот директор на Комората г. Антони Пешев.

На прес конференцијата присутните известија за трајното укинување или намалување на царинските стапки кај околу 260 суровини и репромтеријали кои се користат во производствениот процес кај компаниите кои се претежно извозно ориентирани, а сето тоа се реализира во насока на поддршка на нивната извозна конкурентност.

Исто така, беше промовиран Договорот за соработка помеѓу СКСМ и Царинската управа за едукација на економските оператори во доменот на царинското работење, со што Комората ги потврдува своите заложби во доменот на едукацијата.

Договорот како што истакна Извршниот директор на Комората, Антони Пешев предвидува план за обуки за 2022 година кои ќе значат приближување на царинското работење на компаниите, во насока на подобро разбирање на измените на регулативата, како и вовдувањето на дигитализацијата во царинските постапки.

Директорката на царинската управа, Славица Кутиров посочи дека овој договор е уште еден во низата на соработка на двете институции и посочи дека Царината ги става на располагање своите стручни кадри за едукација на економските оператори со цел поддршка на извозната активности и процесите кои водат до ефикасност во работата на компаниите.

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5