Делегација на Царинската управа на Република Северна Македонија предводена од директорката м-р Славица Кутиров, денес (16.12.2021 година) учествуваше на 18-тиот состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување, дел од Комитетот за стабилизација и асоцијација, што се одржа преку видеоконференциска врска.

Во рамките на состанокот на Поткомитетот во делот на Царинската унија, директорката на Царинската управа истакна дека признанието за видливиот успех и позитивните резултати на Царината во последниот извештај за земјата, не мотивираат да продолжиме со напорна работа за понатамошен развој на ИТ капацитетите во насока на олеснување на трговијата. Директорката Кутиров потенцираше дека модернизацијата и реформата на Царината останува стратешка определба и информираше за најновите активностите за меѓусебно признавање на сертификати за Овластен економски оператор (ОЕО) во рамките на ЦЕФТА регионот.

Воедно, преку концизен приказ претставниците на Европската Комисија беа информирани за напредокот на реформите помеѓу двата Поткомитети. Исто така, беа информирани за сегашните и идни активности кои се преземаат, со цел понатамошна хармонизација на законодавството и институционално зајакнување на Царинската управа. Се преземаат и мерки за справување со COVID 19 кризата, но и активности во рамки на иницијативата Отворен Балкан. Европската Комисија ги презентираше и новините во е-трговијата на ниво на Унијата.

1
1
2
2
Previous Next Play Pause
1 2