Во рамки на проектот Подобрување на наплата на приходите и даночна и царинска политика во периодот од 6.12—10.12.2021 година се одржа работилница на тема Подготовка на акти за поштенски сообраќај.

Целта на работилницата беше да се споделат искуства и пракси со Царинската управа на Република Хрватска за царинење на поштенски пратки, а истата имаше практични делови за работа со ИТ системите за поштенски сообраќај.

Уште една од придобивките од оваа работилница е учеството на претставници од АД Пошта, со што уште еднаш се потврди заложбата на Царинската управа за континуирана соработка и јакнење на капацитетите на сите учесници во царинските постапки.

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3