Претставници на Царинска управа, предводени од директорката г-ѓа Славица Кутиров и заменик директорот г. Муарем Хасани, остварија работен состанок со висока делегација од Стејт Департмент на Соединетите американски држави – Биро за борба против тероризам, како и претставници од Амбасадата на САД во Скопје.

Тема на состанокот беше сегашниот систем за идентификување на ризиците од појава на тероризам, како и можностите за подобрување на досегашната соработка и посочување на начините за унапредување на системите. Исто така споделени беа и најдобрите практики што Соединетите Држави ги применуваат во борбата против тероризмот.

Царината е важен сегмент во борбата против тероризмот. Од тие причини, Царинската управа изрази спремност за активно партиципирање во сите компетентни органи и тела, надлежни за активности и преземање на дејствија во борбата против тероризмот.

  

  

0312202156
03122021998
031220219754l
03122021454215j
Previous Next Play Pause
1 2 3 4