Царинската управа ве известува дека во период од 30.11.2021 до 15.12.2021 година, можете да ги поднесувате и доставувате вашите Барања за полагање на прв дел (теоретски дел) од стучен испит за лиценциран застапник, во архивата на Царинска управа на адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-OБ.04.02, кој можете да го најдете на линкот најдолу во текстот.

I.Кандидатите кои ја имаат посетено претходната обука и по прв пат поднесуваат барање за полагање на прв дел (теоретски) од стручниот испит за лиценциран застапник, задолжително кон барањето треба да ги поднесат следниве документи:

1.Диплома за завршено најмалку средно образование (во оригинал или фотокопија заверена на нотар),

2. Доказ за работно искуство од најмалку една година во областа на царинското работење (во оригинал или фотокопија заверена на нотар). 

3.Сертификат за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор член на здружението ALTE на европски тестатори или уверение од меѓународна институција А1 (А1) ниво на ЦЕФР ((CEFR), односно ФЦЕ, БУЛАТС; или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат (во оригинал или фотокопија заверена на нотар),

4.Уверение за посетена претходна обука за лиценциран застапник (само во фотокопија) и

5.Административна такса од 50 денари и 500 денари за изработка на одлука -Решение за исполнети услови за полагање стручен испит за лиценциран застапник.

II.Право да поднесат пријава и да го полагаат првиот дел од испитот (теоретски дел) имаат и оние кандидати кои во претходните сесии не успеале да го положат испитот во целост. За секое понатамошно полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, согласно Правилникот, се наплаќа надоместок во износ од 6.000,00 денари. Овие кандидати поднесуваат само пријава на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-ОБ.05.02 и уплатница од 6.000,00 денари. Link

Уплатата за сите кандидати се врши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управ ул. „Лазар Личеноски“ број 13,  1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: за административна такса и изработка на одлука за лиценциран застапник.

По завршување на рокот за пријавување, Царинската управа ќе ги разгледа доставените документи и на својата веб страна, ќе објави список на кандидати кои ги исполнуваат условите за да го полагаат испитот.

Полагањето на стручниот испит за лиценциран застапник е закажано за 23.12.2021 година со почеток во 10:00 часот во просториja број 1 на Европскиот универзитет – Скопје кој се наоѓа на бул. „Св.Климент Охридски“ број б8 (на трети кат).

Сите кандидати на денот на денот на полагањето на испитот, со себе да носат и лична карта заради нивна идентификација.

Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Европски универзитет Скопје) 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.

Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:

Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.

Сите учесници (членови на комисија, кандидати за полагање, технички лица за спроведување на испитот и претставник од АЕК задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитот и тоа: (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите учесници за цело времетраење на испитот.

Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин  за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.