Директорката на Царинска управа м-р Славица Кутиров, вчера учествуваше на состанок организиран во рамките на иницијативата “Отворен Балкан”. Состанокот го предводеа заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, а присуствуваа и претставниците на стопанските комори, ресорните министерства за финансии, економија и земјоделство, како и претставници од  националните агенции за безбедност на храната и царинските и даночните управи од трите земји.

Состанокот беше  со цел да се утврдат проблематичните точки за олеснување на трговијата, со посебен фокус на увозот, извозот и транзитот и практичните начини за нивно надминување, како чекори што треба да се преземат до следниот лидерски состанок во Тирана предвиден за декември годинава.

https://www.sep.gov.mk/m/post/?id=9848#.YYtuDVMo_qs

   

Open Balcan 1
1011202112
Previous Next Play Pause
1 2