Во Службен весник на Република Северна Македонија број 245 од 02.11.2021 година е објавена Одлуката за предвремена примена на изменувањето на Протоколот 4 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската Унија.

 

 

Ова значи дека во трговијата со земјите членки на ЕУ, на билатерална основа, покрај постоечките правила на ПЕМ КОнвенцијата (СВ број 66/2012) може да се користат и алтернативните правила за потекло. Новите правила содржат значителен број подобрувања и поедноставувања во споредба со сегашната ПEM Конвенција.

Повеќе детали за новите правила се објавени во делот Бизнис Заедница – Царинска тарифа, вредност и потекло – Потекло на стока или на следниот линк

https://customs.gov.mk/index.php/mk/biznis-zaednica-mk/presmetka-na-davacki-mk/poteklo-mk