Директорката на Царинската управа, м-р Славица Кутиров денес се сретна со претставници на Канцеларијата за борба против криминал и дрога при Обединетите Нации - UNODC.
Средбата беше со цел договарање на завршните активностите кои произлегуваат од проектот за формирање на меѓуинстицинална канцеларија Аеродромот - Скопје.
На состанокот беше потенцирано дека од особено значење за Царинската управа e континуираната поддршка од UNODC преку координирани активности за јакнење на капацитетите во спречување на меѓународниот криминал и тероризам.