Денес се одржа завршна работилница на која беше презентиран финалниот  Блупринт - документ, врз основа на кој во наредниот период ќе се изработи новиот Национален едношалтерски систем (National Single Window System), кој се реализира во рамките на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан (Western Balkans Trade and Transport Facilitation Project – WBTTFP), финансиран со заем од Светската Банка.

На работилницата учествуваа членовите на Работната група за NSW, составена од претставници од Царинската управа, која е и водечка институција во имплементацијата на проектот, заедно со единаесет други владини институции, надлежни во прекуграничниот проток на стоки. Свое обраќање до учесниците имаа директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров, заменик на Управувачкиот Комитет и Виолан Конар Леси, претставник на Меѓународната финансиска корпорација (IFC), организација која ја финасираше и изработката на овој документ.

Блупринтот ги инкорпорира најзначјните области за изработка на овој комплексен систем, како што се правната рамка, оперативен модел, моделот за финасирање, техничката и функционалната архитектура на самиот систем NSW, надлежностите на корисниците, како и планот за имплементација.

Во следниот период се очекува да започне фазата на изработка на софтверско решение.

Со имплементацијата на новиот Национален едношалтерски систем, Република Северна Македонија треба да воспостави нов иновативен концепт за олеснување на трговијата, обезбедувајќи нови услуги за економските оператори и поефикасни контроли, применувајќи ги најсовремените технолошки достигнувања во дигиталната трговија.

Целосната реализација на проектот и пуштањето во примена на Новиот едношалтерски систем се планира во 2024.

 

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
7
7
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7