Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД, на Царинската управа и додели опрема за осовременување и подобрување на процесот на обуки.

Опремата беше предадена на директорката на Царинската управа г-ѓа Славица Кутиров, од страна на г-ѓа Мери Стиклс, Регионален советник за EXBS, за Регионот на Западен Балкан и соработниците.  Оваа опрема,  што царинските службеници ќе ја користат во нивното стручно оспособување и надградба, ќе придонесе за поефикасна и поефективна борба против прекуграничниот криминал и за постигнување на подобри резултати во откривањето и спречувањето на недозволената трговија и заштита на границите.

Покрај  опремата, на работната средба, што денес (21.10.2021 година), се одржа во просториите на Царинската управа,  се разгледа досегашната соработка помеѓу Амбасадата на САД и Царинската управа во рамките на EXBS воспоставена од 2004 година.

Во изминативе години, преку Програмата EXBS се реализирани бројни обуки (136 настани) и повеќе донации на опрема од страна на Aмбасадата на САД,  што  на  Царинската управа ѝ има обезбедено оперативна опрема, која се користи во секојдневното работење на царинските службеници, како  поддршка на севкупното царинско работење и исполнувањето на обврските и заложбите на Царинската управа. 

 

1
1
2
2
3
3
4
4
Previous Next Play Pause
1 2 3 4