Со цел навремено информирање и запознавање на бизнис заедницата со новите преференцијални правила за потекло на стока, Царинската управа денес, во видео формат одржа презентација.

Учесниците имаа можност да се запознаат со промените што ќе се случат кога новите правила за потекло ќе стапат во сила, а беа претставени и помошни алатки на ЕУ за полесно одредување на преференцијалното потекло.

Презентацијата се одржа во видео формат и на истата учествуваа над 260 претставници на извозно ориентирани компании, царински застапници и царински службеници.

Царинската управа, имајќи ја во предвид улогата на бизнис заедницата како стратешки партнер во процесите на модернизација и дигитализација и во иднина ќе вложува во градењето на капацитети на сите учесници во царинските постапки.

До текстот на Алтернативните применливи правила на потекло можете да пристапите ТУКА.

Презентација за Алтернативни применливи правила за потекло