Царинската управа на Република Северна Македонија организира презентација за новите преференцијални правила на потекло на стоки што се очекува да почнат да се применуваат од втората половина на октомври.

Целта на оваа презентација е економските оператори да се запознаат со престојните новини од областа на потекло на стока.

Презентацијата ќе се одржи далечински (онлајн) со користење на платформата Microsoft Teams на 14.10.2021 година (четврток) со почеток во 13,00 часот.

Сите заинтересирани кои сакаат да ја следат презентацијата, треба да се пријават најдоцна до 12.10.2021 година (вторник) на следната адреса на електронска пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и да наведат име и презиме на учесникот, компанија каде се вработени и адреса на електронска пошта на која ќе биде доставена поканата за учество.