Во организација на ЦЕФТА Секретаријатот во текот на вчерашниот ден се одржа обука за измените на Хармонизираниот систем за 2022 година, како и измените на Комбинираната номенклатура на Европската унија за 2020 година.

  • Во 2022 година ќе има нови тарифни броеви за специфични производи како на пример: инсекти, некои видови печурки, ореви од бор и кора од африканска цреша кои што играат важна улога во однос на генерирање приход, храна и безбедност на исхраната, основни човечки потреби и подобрување на квалитетот на животот.
  • Измена на номенклатурата ќе има и во однос на супстанциите контролирани врз основа на Кигали амандманот во Протоколот од Монтреал за супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка што се структурирани врз основа на важноста во меѓународната трговија и влијанијата на супстанцијата врз животната средина.
  • Значителна промена има и кај електричниот и електронскиот отпад, најчесто нарекуван е-отпад поради високата вредност во трговијата.
  • Нови тарифни броеви има и за новите производи базирани на тутун и никотин и истите ќе бидат распоредени во Глава 24.
  • Беспилотните летала, најчесто наречени „дронови“, исто така добиваат свои тарифни ознаки за полесно распоредување.
  • Паметните телефони ќе добијат свој подброј и забелешка, што исто така ќе го разјасни и поткрепи распоредувањето на овие мултифункционални уреди.
  • Направени се големи преструктурирања во тарифен подброј 7019 за стаклени влакна и нивни производи, како и за тарифен подброј 8462 за машините за формирање метал со цел следење на технолошките достигнувања во овие сектори.
  • Модулите за приказ на рамни панели ќе се распоредуваат како производи кои функционираат самостојно, што ќе ја поедностави класификацијата на овие модули, без да се има потребата да се идентификува крајната употреба.

Здравјето и безбедноста исто така се опфатени со промените. Новите одредби за плацебо и комплети за клиничко испитување за медицински истражувања овозможуваат распоредување на ваквите стоки, без да се поседува информација за состојките во плацебо, што ќе помогне во олеснување на прекуграничното медицинско истражување. Клеточните култури и клеточната терапија се производи што ќе добијат нови и специфични забелешки. За поголема безбедност предвидени се и голем број нови забелешки, особено кај стоките за двојна употреба и тоа во делот на токсини и лабораториска опрема.

Со цел заштита на општеството и борба против тероризмот создадени се многу нови подбреви за стока со двојна употреба што може да се пренасочи за неовластена употреба, како што се радиоактивни материјали и биолошки сигурносни ормари, како и за предметите потребни за изградба на импровизирани експлозивни направи, како што се детонатори.

Ажурирани се списоците на стоки кои се контролирани според различни конвенции. Изданието ХС 2022 воведува нови подброеви за специфични хемикалии контролирани според Конвенцијата за хемиско оружје, за одредени опасни хемикалии контролирани според Ротердамската конвенција и за одредени постојани органски загадувачи контролирани според Стокхолмската конвенција. Воведени се големи промени во Забелешка 4 од Оддел VI и новиот тарифен подрборј 3827, за гасови контролирани според амандманот Кигали од Монтреалскиот протокол.

2
2
3
3
4
4
Previous Next Play Pause
1 2 3