Делегација на Царинската управа на Република Северна Македонија, предводена од директорката г-ѓа Славица Кутиров денес оствари работна посета на Царинската управа на Република Хрватска и се состана со генералниот директор, г. Марио Демировиќ. За време на посетата потврден е заедничкиот интерес за размена на искуства од областа на примена на законодавството на Европската Унија (во делот на царинските прописи и акцизни давачки).

Тема на состанокот е и зајакнување на соработката со економските оператори и други активности од доменот на царинското работење, особено на оние кои Република Хрватска ги примени во процесот на пристапување кон ЕУ.

Искуствата кои царината на Хрватска, како наш стратешки партнер и близок соработник ги споделува од областа на воведувањето на систем за следење на акцизни производи е од особено значење за подигнување на стандардите за царинското работење во Република Северна Македонија.

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3