Во просториите на Царинската управа денес се одржа состанок со Државниот пазарен инспекторат. На состанокот беа разгледани практичните аспекти за размена на податоци и информации за ефикасни контроли, како и протоколот за соработка при вршење на заеднички контроли при увоз на масло за горење-мазут.

Ефикасната размена на податоци и информации заедно со протоколот  се резултат на заложбите на Владата на Република Северна Македонија за зголемена контрола на квалитетот на нафтените деривати кои се увезуват и користат на територијата на државата, а во интерес на заштитата на здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина

Директорката на Царинската управа, м-р Славица Кутиров изрази уверување  дека со размената на податоци и информации помеѓу двете институции ќе се постигне целта - зголемена координирана контрола при увозот на мазутот а сето тоа да не влијае на брзината и времетраењето на завршување на царинската постапка за увоз .. Беше потенцирано  дека преку организирање на континуирани средби меѓу двете институции ќе се разгледуваат резултатите од примена во пракса на потпишаниот Меморандум и резултатите од  извршените контроли  на двете институции

Директорката на Државниот пазарен инспекторат, м-р Анета Симеска Димоска ја потврди добрата и континуирана соработка на двете институции во досегашното работење, а особено во последните месеци по донесениот заклучок од Владата на Република Северна Македонија за зголемени контроли при увоз на мазут  посочувајќи дека само со координирани контроли ќе се усогласи и оптимизира контролата на квалитетот на нафтените деривати.

 

1
1
Previous Next Play Pause
1