Во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со Кризи (ЦУК) од денеска и наредните четири дена, на подрачјето на Охрид и Струга се одржува НАТО вежба. 

Согласно сценариото на вежбата, ќе се реализирааат активности што третираат повеќе области како елементарна природна непогода, организиран криминал, нелегална миграција, спасување и укажување помош на граѓани, што претставува одлична основа за развивање капацитети и способности за градење регионален пристап и стратегии со цел соодветно спротивставување, сузбивање на криминалните дејствија и преземање конкретни мерки на дејствување.

На првиот ден од запопчнувањето на вежбата присуствуваа високи претставници на дипломатскиот кор во државата.

На вежбата ќе учествуваат речиси 700 претставници од 28 држави членки и парнери на НАТО и неколку меѓународни организации. Вежбата ќе им овозможи на екипите за брза реакција во кризи, но и на планерите и проценителите да разработуваат и увежбуваат активности за потрага и спасување во урбана средина, но и на вода и во планина, потоа вежби на медицински тимови за итни случаи, но и активности на екипи за детекција и идентификација на хемиски, биолошки и радиолошки агенси, како и активности поврзани со дезинформации. Во рамки на вежбата ќе се организира и дводневен научен ВИП симпозиум со учество на високи претставници на НАТО, на државите-членки на Алијансата, државите-партнери, меѓународни организации и навлединиот сектор.

За Царинската управа  е од особено значење учеството на  вежба од ваков тип, што претставува  можност да се развие една заедничка експертиза и да се зајакнат пријателствата со овие институции на уште подлабоко ниво.

 

1
1
2
2
3
3
4
4
Previous Next Play Pause
1 2 3 4