Во просториите на Царинска управа, директорката  на Царинската управа м-р Славица Кутиров, заедно со тим од вработените, оствари средба со високи претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје (ДЕУ). На средбата се разговараше за реализацијата на тековните, како и активностите за програмирање на идните проекти поддржани од ЕУ фондовите.

Директораката Кутиров истакна дека Царинската управа на РСМ и Делегацијата на ЕУ во Скопје имаат долгогодишна успешна соработка. Доказ за тоа се голем број успешно имплементирани завршени проекти, ИТ системи и градби кои се во функција, како и опрема која ја олеснува секојдневната работа на царинските службеници на сите нивоа. 

Покрај проектите што се во фаза на финализација (Твининг проект за усогласување со законодавството на ЕУ и надградување на капацитетите на знаења на царинските службеници и Набавка на софистицирана опрема со цел подобрување на техничкиот капацитет на службите за контрола во Царинската управа), за време на работната средба се дикутираше и за планираните проекти што треба да се спроведат во рамки на Програмата ИПА 3, како што се: имплементација на ИТ системот НКТС фаза 5, имплементација на ИТ системот EORI и IAM со цел олеснување на работата на економските оператори и поедноставување на  пристапот – системи согласно MASP на ЕУ, изградба и реконструкција на ГП Делчево, изградба на Граничен премин „Маркова Нога“ на границата со Република Грција,  како и неколку активности во насока на ЕУ поддршка во борбата против организираниот криминал.

На крајот на состанокот и двете страни изразија посветеност за продолжување на блиската комуникација и соработка на сите нивоа со ист интензитет. Во таа насока, Царинската управа ќе продолжи со посветеноста кон приоритетите за ЕУ интеграција, како и планирање и навремена реализација на проектите поддржани од ИПА фондовите.

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3