Одделенито за разузнавање во склоп на Секторот за Контрола и истраги при Царинската управа на РС Македонија и во услови на пандемија продолжува со успешно реализирање на своите надлежности. 

Во соработка со Царинските службеници од ЦИ Аеродром, ДСЗИ, Граничкната полиција и аеродромскиот оператор ТАВ, во периодот од мај 2021 до денес, има евидентирано и задржано 48 лица кои се обиделе да ја напуштат земјата преку Аеродром Скопје, а воедно се евидентирани на списокот на ДСЗИ како лица инфицирани со вирус Ковид 19 со активно решение за изолација.

Оваа проверка на патници пријавени за авионски сообраќај се врши по одлука на Владата на РС Македонија и продолжува да се врши на двата аеродроми во Скопје и Охрид по пат на вкрстување на листите на патници со списокот на ДСЗИ на кои им е издадено решение за изолација поради инфекција со вирусот Ковид 19. За оваа цел се користи системот РАВИО кој автоматски ги селектира и идентификува овие лица. По идентификација на лицата, истите се предаваат на безбедносните служби на Аеродромите кои постапуваат понатаму според нивните овластувања. 

 

1
1
Previous Next Play Pause
1