Врз основа на чл. 22  и 23 од Законот за работните односи  Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15,  27/16, 120/18 и Службен весник на РСМ“ бр.110/19 и 267/20)  в.в. со член 14, член  22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14,  27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ“ бр.143/19 и 14/20), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 01-036570/21-0001 од 30.06.2021 година и Правилникот за систематизација на работните места во Царинската управа број 01-036570/21-0002 од 30.06.2021 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-7305/2 од 29.07.2021 година Царинската управа  објавува:

                                                                            ЈАВЕН ОГЛАС БР. 02/2021

ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 16 (ШЕСНАЕСЕТ ) ИЗВРШИТЕЛИ НА ОПРЕДЕЛЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ, ПОРАДИ ПРИВРЕМЕНО ЗГОЛЕМЕН ОБЕМ НА РАБОТА, ДО КРАЈОТ НА ТЕКОВНА ФИСКАЛНА ГОДИНА (2021)

Царинската управа објавува оглас за вработување на 16 (шеснаесет) извршители на определено време до крајот на тековна фискална година (2021):

  1. Виш инспектор за истраги во Служба за борба против економски криминал во Одделение за истраги во Сектор за контрола и истраги, 1 извршител,
  2. Цариник во царинска испостава Скопје 2 во Царинарница Скопје,1 извршител,
  3. Виш цариник во царинска испостава Скопје 2во Царинарница Скопје, 1 извршител,
  4. Цариник во царинска испостава Скопје 3 во Царинарница Скопје, 1 извршител,
  5. Виш цариник во царинска испостава Скопје 3 во Царинарница Скопје, 2 извршители,
  6. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Блаце во царинарница Скопје,2 извршители,
  7. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Блаце во царинарница Скопје, 1 извршител,
  8. Виш цариник во царинска испостава Тетово во Царинарница Скопје, 1 извршител,
  9. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Табановце автопат во Царинарница Куманово, 1 извршител,
  10. Цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Табановце автопат во Царинарница Куманово, 1 извршител,
  11. Виш цариник во царинска испостава Гевгелија во Царинарница Гевгелија 1 извршител,
  12. Цариник во царинска испостава Богородица во Царинарница Гевгелија, 1 извршител,
  13. Виш цариник во царинска испостава Прилеп во Царинарница Битола, 1 извршител,
  14. Виш цариник во царинска испостава Струга во Царинарница Битола, 1 извршител,

Општи услови за работно место:

-          да е државјанин на Република Северна Македонија,

-          активно да го користи македонскиот јазик,

-          да е полнолетен,

-          да има општа здравствена способност за работното место и

-          со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работно место: Виш инспектор

-  ниво на квалификации: VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180  кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Безбедност, Организациони науки и управување (менаџмент);

-  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-  најмалку две години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Виш цариник

-  нивоа на квалификации: завршено VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент), 

-  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-  без работно искуство.

Посебни услови за работно место: Цариник

-  ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование,

-  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-  без работно искуство.

Кандидатите  потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)

-  Доказ за државјанство;

-  Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);

-  Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование; (за високо образование – диплома и уверение со изразен степен на образование и просек, или за средно образование – сите свидетелства (од прва до четврта година) и диплома за завршено средно образование;

-  Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-  Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);

-  Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија-само за работните места каде што се бара работно искуство).

Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,

Работно време: од понеделник до петок од 08,30 до 16,30 часот

Паричен износ на основна нето плата за работно место: Виш инспектор – 34.114,00  денари, Виш цариник 32.729,00 денари и Цариник – 24.336,00 денари.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2021 година.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs,gov.mk. Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадена во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.

Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, односно најдоцна до 10.08.2021 година (вторник).

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 2/2021“). Контакт телефонски број 02 3116 188  Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РСМ.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.

 

Пријава за вработување