Во насока на зајакнување на соработката со деловната заедница, како клучен фактор за градење на меѓусебна доверба, денес директорот Горан Сугарески оствари работна средба со претседателката на Сојузот на стопански комори на Република Северна Македонија, г-ѓа Данела Арсовска.

Директорот Сугарески посочи дека вакви средби се од голем интерес со цел да се олеснат царинските постапки и да се забрза протокот на стоки.  Дополнително истакна дека потребна е постојана соработка помеѓу царината и деловната заедница која ќе овозможи  елиминирање на корупцијата која е пречка за развојот на бизнисот во државата.

Од страна на претседателката на Сојузот на стопански комори на Република Северна Македонија, г-ѓа Данела Арсовска беа иницирани заеднички активности помеѓу двете институции во насока на намалување на сивата економија и беше договорена заедничка обука на високо ниво со приватниот сектор за борба против корупција.

Со почит,

1_1
1_1
2_2
2_2
Previous Next Play Pause
1 2