Директорот на Царинската управа денес оствари средба со г-дин Мартин Краних, царински офицер за врски на Федеративна Република Германија кој е задолжен за Северна Македонија, Бугарија и Романија.

Во своето излагање гостинот ги презентираше своите мисии и можности за соработка и на директорот Сугарески му предаде писмо со  честитки од страна на г-ѓа Колет Хершер, претседател на Германскиот централен царински орган и г-ѓа Тања Милденбергер, директор на Царина во рамки на Федералното министерство за финансии на Германија, во врска со неговото назначување на функција директор во јануари оваа година.

При успешната директна соработка за царински работи, канцеларијата на г-дин Мартин Краних дава голем придонес за финализирање на постапки поврзани со тековни случаи на истражување и гонење на кршење на царинските прописи.

Поддршката од Германија изминатиот период се потврдуваше и преку заедничките активности со Друштвото за меѓународна соработка GIZ, посветени на регулаторната рамка на Царинската управа, обуки за финансиски истраги и откривање на кеш со помош на кучиња.

германско аташе 1
германско аташе 1
германско аташе 2
германско аташе 2
германско аташе 3
германско аташе 3
германско аташе 4
германско аташе 4
Previous Next Play Pause
1 2 3 4