Директорот Сугарески денес беше во работна посета на Царинарница Битола преку која Царинската упрва ги извршува работите од својот делокруг во југозападниот дел од државава и координира и раководи со територијално најголемиот регион во споредба со другите царинарници во рамки на управата.

Управникот на Царинарница Битола Оливер Вучиниќ, помошник управникот Игор Јолески, шефовите и царинските службеници низ кратки црти го известија директорот за целовкупната работа на Царинарница Битола и нејзините 11 организациски единици.

Вработените го информираа директорот дека во  септември 2019 година во употреба беа пуштени новите објекти на царинскиот терминал на границата со Република Албанија, како и за тековните активности и капацитетите на граничениот премин Ќафасан, кој иначе е ГП од прва категорија кој се наоѓа на пан-Европскиот коридор 8 (исток-запад) и е 4-ти најфреквентен граничен премин за стокови пратки во земјата.  

Управникот на Царинарница Битола Оливер Вучиниќ го потенцираше концептот на заеднички гранични контроли со едно застанување “one stop shop” кој во иднина треба да да се воспостави и на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане помеѓу нашата држава и Република Албанија. Во текот на разговорите со вработените, акцент беше ставен и на потребата за унапредување на патничкиот промет со Република Грција за кој се смета дека е од голем интерес за целиот регион, а посебно за преспанскиот и претставува ефектуирање на потпишаниот договор помеѓу нашата држава и Република Грција за отворање на новиот граничен премин Маркова Нога-Лемос во најбрзо можно време. Со цел поефикасно царинење на поштенските пратки во регионот на Царинарница Битола, посочено беше дека треба да се разгледа можноста за повторно отварање на Царинската испостава Пошта-Битола, а во однос на можностите за натамошен развој на туристичката соработка помеѓу нашата држава и Република Албанија треба да се разгледаат можностите за обновување на меѓународната патничка бродска линија Охрид-Поградец.

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5