Во врска со наводите изнесени на прес конференцијата одржана денес од страна на господин Трипуновски, Царинската управа ве известува дека  континуирано во изминатиот период од повеќе месеци презема засилени активности преку криминалистички истраги  во соработка со надлежното Јавно обвинителство, во насока на откривање и прогон на лица вклучени во нелегални дејствија во врска со промет на тутун.

Во таа смисла, во месец ноември 2020 и јануари 2021 се поднесени две кривични пријави во кои се опфатени три правни лица и три физички лица, а во таа насока истрагата е продолжена и во тек е прибирање на сознанија и докази за евентуални незаконски активности и на други физички и правни лица, меѓу кои и за споменатата Студенац. За конкретниот предмет надлежното јавно обвинителството – Куманово  е веќе известено и до него се доставени докази по кои се постапува. Царинската управа од страна на надлежното обвинителство има добиено конкретни насоки и задолженија  за понатомошно постапување.   

Во интерес на истрагата не може да дадеме подетални информации, но сметаме дека со изнесувањето на вакви информации во јавност,  кои се дел од официјална истрага се прави штета на напорите за сузбивање на криминалот и запазување на законитоста во работењето.